ЕТНИЧКИТЕ И ДЕМОГРАФСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО СКОПЈЕ ВО ПЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ HA XX ВЕК
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ЕТНО-ДЕМОГРАФСКИ ПРОМЕНИ, МИГРАЦИИ, ЕТНИЧКИ ДВИЖЕЊА, СКОПЈЕ, СКОПСКА ОБЛАСТ, ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕАпстракт
Во педесетите години на минатиот век дошло до значајни демографски и етнички промени ео градот Скопје и скопската околија. Бројот на населението брзо ce зголемувал и во периодот 1948 -1961 година само во градот ce зголемил за речиси 80.000 жители. Значаен фактор кој влијаел врз етно-демографската структура на градот и областа е иселувањето на дел од Турците и другите муслимански популации и населувањето на бројни доселеници од косовско-метохиската област и од Санџак, како и од другите делови на Македонија. Градот забрзано ja менувал својата физиономија како последица на брзото зголемување на неговите жители. Овие доселеници најмногу биле сконцентрирани во старото градско јадро, или пак во периферните населби на градот каде живееле во супстандарни живеалшита, најчесто во диво изграденп населби. Заради масовното доселување ce јавиле низа негативни последици како и економски и здравствени проблеми, растел и бројот на невработени. Во анализите на ракоеодството во Македонија веќе во средината на педесеттите ce констатира дека масовното доселување во Македонија, a особено во Скопје претставувало сериозен проблем.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Борче Илиевски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.