ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА КОРИСТЕЊЕТО НА СЛУШНИТЕ АПАРАТИ
DOI:
https://doi.org/10.37510/Keywords:
слушен апарат, употреба, несакани ефектиAbstract
Слушните апарати ја подобруваат комуникацијата и квалитетот на
живот на лицата со оштетен слух. Покрај тоа, денес значителен број корисници на слушни апарати одбиваат редовно да ги користат слушните апарати. Целта на студијата беше да се утврдат несаканите ефекти и проблемите поврзани со слушните апарати како фактори што влијаат на користењето на слушните апарати.
Поголем број од пациентите пријавиле акустичен фидбек (непријатен звук од уредот) како главен несакан ефект поврзан со користењето на слушниот апарат. Втор важен проблем бил малиот бенефит од апаратот. Пациентите имале чувство дека нивните слушни апарати не помагаат доволно. Исто така, пријавени се и други несакани ефекти и проблеми поврзани со употребата на слушните апарати: бучавата во позадина е непријатно гласна, кратко траење на батеријата, лош квалитет на звукот, лошо вклопување во каналот, болка во увото, чувство на исполнетост во ушите, корисниците на слушни апарати не можат сами да ракуваат со уредот, стигматизација и чувство на нервоза.
Степенот на оштетување на слухот е исто така фактор што придонесува за употреба или одбивање на слушниот апарат. Пациентите со повисок степен на оштетување на слухот ги носат своите слушни апарати подолго во текот на денот.
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2025 Зора Јачова

This work is licensed under a Creative Commons Attribution 4.0 International License.