ПАДОТ НА АНГЕЛИТЕ СПОРЕД СВ. АВГУСТИН
DOI:
https://doi.org/10.37510/Keywords:
Св. Августин, ангели, сатана, грев, благословеностAbstract
Со оглед на важноста на ставовите на Св. Августин за злото во светот, статусот и дејствата на ѓаволот, и од опасностите на соработување со мрачните сили за развојот на средновековната теологија на насилна борба против злото, овој текст истражува еден аспект од неговата употреба на мотивот на падот на ангелите во анализата на проблемот на потеклото и пролиферацијата на злото. Како еден од последните ранохристијански автори кој користи елементи од приказната од библиската традиција и традицијата околу паднатите Чувари од Првата книга на Енох, Св. Августин му пристапува на злото од аспект на важноста на слободниот избор и интенционалната трансгресија.
Низ овој текст прво е даден краток приказ на концепцијата на злото во манихејската космогонија, за да се овозможи увид во позициите на кои Св. Августин експлицитно се спротивставува. Покажана е важната улога на примордијалниот гревспоред него, и особено, статусот на ѓаволот како грешен уште од
почетокот, или како самоопределен бунтовник против Бога.
Идеите за почетокот на злото преку улогата на сатаната се покажани и низ полемиката на Св. Августин против манихејците. Најголем дел од текстот е посветен на проблемот на ангелската (не)благословеност. Покажана е позицијата на Св. Августин за постоењето на две групи на небесни суштества (добри и лоши), како и идејата за свесноста, или предзнаењето, за потенцијалното непоматено вечно блаженство, наспротив (не)знаењето за загубата на таквата вечна среќа како резултат на интенционалниот пад. Oвие неколку аспекти од комплексната теологија на Св. Августин ја покажуваат неговата подлежечка позиција за важноста на свесното одбирање да се биде (по)добар и што повеќе налик Бога, и покрај иницијалната грешност на човекот.
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2025 Марија Тодоровска

This work is licensed under a Creative Commons Attribution 4.0 International License.