СОЦИЈАЛНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ЛИЦА

  • Благица Новковска Државен завод за статистика, Скопје
Клучни зборови: социјална вклученост, социјална кохезија, социјално исклучување, социјално исклучување на младите лица на возраст од 15 до 19 години (НОВО - Не се Вклучени во Образованието, Вработеноста или Обу­ките)

Апстракт

Социјалното исклучување, кое се дефинира како губење (нарушување) на
социјалната кохезија, претставува неможност одредени членови на оп­штес­твото
да ги користат постојните можности за социјално учество и да држат чекор со
развојот на општеството во кое живеат. Во овој труд е анализирано социјалното
исклучување на младите лица кои, заради влијанието на различни фактори,
социјалното исклучување може да го доживеат на различни начини. Посебен
осврт е направен на социјалното исклучување на младите лица на возраст од 15
до 19 години (НОВО - Не се Вклучени во Образованието, Вра­бо­те­носта или
Обуките). Во трудот е направена анализа на ризичните фактори што влијаат на
социјалното исклучување на младите лица и се претставени некои поважни
сознанија за присутноста и третманот на социјално исклучените млади лица во
другите земји. Анализирани се сознанијата за присутноста и третманот на
социјално исклучените млади лица во Република Македонија и можните политики
за нивно социјално вклучување и развој.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2008-06-02