СОЦИЈАЛНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ЛИЦА
Abstract
Социјалното исклучување, кое се дефинира како губење (нарушување) на
социјалната кохезија, претставува неможност одредени членови на општеството
да ги користат постојните можности за социјално учество и да држат чекор со
развојот на општеството во кое живеат. Во овој труд е анализирано социјалното
исклучување на младите лица кои, заради влијанието на различни фактори,
социјалното исклучување може да го доживеат на различни начини. Посебен
осврт е направен на социјалното исклучување на младите лица на возраст од 15
до 19 години (НОВО - Не се Вклучени во Образованието, Вработеноста или
Обуките). Во трудот е направена анализа на ризичните фактори што влијаат на
социјалното исклучување на младите лица и се претставени некои поважни
сознанија за присутноста и третманот на социјално исклучените млади лица во
другите земји. Анализирани се сознанијата за присутноста и третманот на
социјално исклучените млади лица во Република Македонија и можните политики
за нивно социјално вклучување и развој.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.