Осврт на публикација на Светската здравствена организација: Системите за јавно здравје во земјите од Југоисточна Европа - можности и предизвици
Abstract
Проектот за оцена на службите
за јавно здравје на Здравствената
мрежа на Југоисточна Европа, спроведе евалуација на системите за
јавно здравје во девет земји, членки на мрежата (Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Црна Гора,
Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина и Хрватска). Причината за
оваа евалуација беше да се разбере
позицијата на јавното здравје во овие
земји, степенот на развој на институционалната, организациона и законска поставеност на овие системи и да
се идентификуваат силните и слаби
страни на системите за јавно здравје, со цел да се информираат донесувачите на одлуки за потребите од соодветно инвестирање во идните реформи.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.