Економската криза и одразот врз неформалната економија

  • Јован Пејковски Univerzitet „Sv. Kiril i Metodij”, Filozofski fakultet, Institut za socijalna rabota i socijalna politika, Skopje, Republika Makedonija

Abstract

Економската криза предизвика бројни промени во процесите на работа и живеење. Покрај легалните економски активности се изразија нови форми на активност кои спаѓаат во доменот на неформалната економија. Влијанието на неформалната економија е познато, но во вкупните активности и во услови на криза тоа се зголемува. Токму од таа основа се тргнува во согледувањето на влијанието на кризата врз појавата на нови форми на неформалната економија, особено присутна со социјалните категории граѓани кои се во услови на ризик, или се стратифицирани во групи на кои општеството треба да им помогне.Поаѓајќи од сознанијата присутни во пошироки рамки, како и кај нас, трудот се насочува кон претставување на основите кои ја генерираат неформалната економија, како и кон категориите граѓани кои обезбедуваат егзистенција во оваа сфера. Врз таа основа се прават согледувања за улогата на системот во продуцирањето на можности за неформалната економија, како и кон системските мерки за нејзино трансферирање во легалните канали на активност.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2009-12-01
How to Cite
Пејковски, Ј. (2009). Економската криза и одразот врз неформалната економија. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 2(4), 339-354. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2132