Нееднаквости во опфатот и правата од пензискиот систем во Република Македонија

  • Зоран Вучев Раководител на Одделение за статистичка обработка на податоци и евиденција на корисниците на услуги за потребите на Министерството за труд и социјална политика

Abstract

Во овој труд се елаборират спецификите, структурата на ре­форми­раниот повеќестолбен пензиски систем во Република Македонија и
импликациите што се очекуват од воведувањето на овој комбиниран
систем.
Наодите во овој осврт се направени за пристапот на правата на
корисниците во првиот столб, како и опфатот на членовите во за­должителните капитални пензиски фондови. Во трудот се изнесени инди­катори за првиот столб во однос на структурата на корисниците
на поедини права од пензија, според видот на пензијата, старосната
структура и износот на веќе стекнатите пензии, како резултат на импли­кациите од реформите што се правеа во пензиската политика во
изминатите 18 години. Во задолжителните пензиски фондови се елабо­рирани: опфатот на лицата, статусот и периодот на потпишување
на договорите за членство, како и приносот на средствата во задолжителните пензиски фондови. Посебен осврт е направен во делот на социјалниот дијалог во Европската Унија (ЕУ), како алатка во реформите
во пензиските политики. За предмет на анализа се земени неколку
поистакнати земји (претежно членки на ЕУ) во стручната литература,
во доменот на реформите кои ги презеле во пензиските политики.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2009-06-01
How to Cite
Вучев, З. (2009). Нееднаквости во опфатот и правата од пензискиот систем во Република Македонија. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 2(3), 265-280. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2126