КЛУЧНИ СОЦИЈАЛНИ ИНДИКАТОРИ И ПОЛИТИКИ ЗА МЕРЕЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ
Abstract
Текстот ги анализира клучните социјални индикатори за мерење на сиромаштијата и социјалната вклученост. Исто така, текстот ја нагласува разликата
меѓу индикаторите, одредниците и стандардите. Предмет на анализа се индикаторите и политикити што најчесто се користат за мерење на човековиот напредок и благосостојба. За секој од нив се дава поширок осврт што ги опфаќа
историјата и актуелниот статус на инцијативата, поважните индикатори што се
применуваат, како и некои од предностите и недостатоците на индикаторите и
креирањето на политиките.
Авторите се одлучуваат за генерално објективни индикатори за долгорочните (системски) резултати. Тоа се должи на фактот што овој текст се занимава со социјалните индикатори што ги користат меѓународните агенции, како:
Европската Унија/ЕУРОСТАТ, УНДП, ОН, Меѓународниот монетарен фонд,
Светската банка, како и ОЕЦД. Нивните индикатори најчесто се квантитативни,
обично изразени како однос или пропорција на односната популација. Се разбира, како такви, ваквите стапки укажуваат на агрегираната (вкупна) состојба
на луѓето, но малку, или ништо за квалитетот на нивниот живот. Авторите заклучуваат дека нагласокот на широк спектар на индикатори за резултатите,
без соодветно набљудување на влезните елементи во креирањето на политиките, може да ги запостави најважните прашања во однос на програмските
искуствени алтернативи.
Текстот, исто така, ја нагласува важноста од воведувањето на соодветни
стандарди за квалитет, како мост меѓу индикаторите за креирање на политиките
и квантитативните индикатори за мерење на резултатите.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.