СПРАВУВАЊЕТО СО ТРАУМАТСКИТЕ ИСКУСТВА НАСТАНАТИ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО
(Давор Стојановски Ноќите кога заспивавме во Помпеја)
Аннотация
Во оваа статија се задржуваме на толкувањето на траумата преку доминантниот западен модел на културна траума, кој, во голема мера, се потпира на Фројдовиот концепт на траумата и на нејзините психолошки последици. Тие ја вклучуваат неспособноста на трауматизираниот субјект да ја артикулира својата траума, го отвораат прашањето за доцнењето на траумата фокусирајќи се првенствено на јазот меѓу трауматското искуство и уметничкиот исказ.
Последиците што ги остава траумата практично се аплицирани преку анализата на романот Ноќта кога заспивавме во Помпеја на македонскиот автор Давор Стојановски, во кој, како референтни точки, се земени повеќе сегменти. Како централна точка, при анализата, е посочено исчезнувањето на двата главни лика околу чие отсуство се плете целото дејство на романот.
Наративите на траумата често се нарекувани наративи на индиректност, во кои текстуалните недоречености се индекси што укажуваат на отсутен, трауматичен референт. На индиректноста во раскажувачката постапка упатува фокусираноста кон друг настан (сообраќајната несреќа), но и самиот наслов на романот, со споменувањето на античкиот град Помпеја, на кој се надоврзуваат различните асоцијации на читателите. Ним им е дадена активната задача да ги пополнат кстуалните празнини според сопствените расудувања. Недоволноразвиената историска аналогија во овој роман е само првичен обид на авторот да покаже дека нелинеарниот или фрагментираниот начин на раскажување може да имитира симтоми на траума на формално ниво, какви што се молкот и повторувачките слики, карактеристични за посттрауматскиот стрес. Молкот на протагонистката Сара е искористен да се развие приказната во две насоки: во повторувачките сомничаво-агресивни доживувања и однесувања на вториот наратор (мајката Каја), кои го менуваат целиот нејзин живот, и во неможноста за откривање на мистеријата, која ја носи во себе г-ѓа Новицка (остарената Сара), како трет наратор во романот.
Идејата, дека романот може да содржи нешто неизречено, нешто што не може лесно да се именува, но што се појавува низ него на сложен начин, лежи во основата на теориска разработка на оваа статија. Авторот Стојановски не само што им пристапува на предизвиците на пренесувањето на траумата само во однос на границите на јазикот или на нарацијата, туку тој, преку овој роман, истакнува и други причини за настанување на траумата, како што се несовршеноста на современото општество, процесот на растење и односот родители – деца. Токму емотивните страдањата на родителите на исчезнатите протагонисти ја чинат наративната структура на целиот роман. Затоа и нашата анализа се потпира на сегментите: исчекување, верба, страв, агресивност, тага, болка и морални дилеми, кои ги чувствуваат родителите на исчезнатите.
Скачивания
Copyright (c) 2024 Jasmina Mojsieva-Guševa
Это произведение доступно по лицензии Creative Commons «Attribution-NonCommercial-NoDerivatives» («Атрибуция — Некоммерческое использование — Без производных произведений») 4.0 Всемирная.
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License