СПРАВУВАЊЕТО СО ТРАУМАТСКИТЕ ИСКУСТВА НАСТАНАТИ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО

(Давор Стојановски Ноќите кога заспивавме во Помпеја)

  • Јасмина Мојсиева-Гушева

Sažetak

Во оваа статија се задржуваме на толкувањето на траумата преку доминантниот западен модел на културна траума, кој, во голема мера, се потпира на Фројдовиот концепт на траумата и на нејзините психолошки последици. Тие ја вклучуваат неспособ­нос­та на траума­тизираниот субјект да ја артикулира својата траума, го отвораат прашањето за доцнењето на траумата фокусирајќи се првенствено на јазот меѓу трауматското искуство и уметничкиот исказ.

Последиците што ги остава траумата практично се аплицирани преку анализата на романот Ноќта кога заспивавме во Помпеја на македонскиот автор Давор Стојановски, во кој, како референтни точки, се земени повеќе сегменти. Како централна точка, при анализата, е посочено исчезнувањето на двата главни лика околу чие отсуство се плете целото дејство на романот.

Наративите на траумата често се нарекувани наративи на инди­рект­ност, во кои текстуалните недоречености се индекси што ука­жуваат на отсутен, трауматичен референт. На индиректноста во раскажу­вачката постапка упатува фокусираноста кон друг настан (сооб­ра­ќајната несреќа), но и самиот наслов на романот, со споменувањето на античкиот град Помпеја, на кој се надоврзуваат различните асоцијации на чита­телите. Ним им е дадена активната задача да ги пополнат кстуалните празнини според сопствените расудувања. Недоволноразвиената исто­риска аналогија во овој роман е само првичен обид на авторот да покаже дека нелинеар­ниот или фрагмен­тираниот начин на раскажување може да ими­ти­ра симтоми на траума на формално ниво, какви што се молкот и повторувачките слики, карактеристични за посттрауматскиот стрес. Молкот на протаго­нистката Сара е искористен да се развие приказната во две насоки: во повторувачките сомничаво-агресивни доживувања и однесувања на вториот наратор (мајката Каја), кои го менуваат целиот нејзин живот, и во неможноста за откривање на мистеријата, која ја носи во себе г-ѓа Новицка (остарената Сара), како трет наратор во романот.

Идејата, дека романот може да содржи нешто неизречено, нешто што не може лесно да се именува, но што се појавува низ него на сложен начин, лежи во основата на теориска разработка на оваа статија. Авторот Стоја­новски не само што им пристапува на предизвиците на пренесувањето на траумата само во однос на границите на јазикот или на нарацијата, туку тој, преку овој роман, истакнува и други причини за настанување на траумата, како што се несовршеноста на современото општество, процесот на растење и односот родители – деца. Токму емотивните страдањата на роди­те­ли­те на исчезнатите протагонисти ја чинат наративната струк­тура на целиот роман. Затоа и нашата анализа се потпира на сег­ментите: исчекување, верба, страв, агресивност, тага, болка и морал­ни дилеми, кои ги чувствуваат родителите на исчезнатите.

Downloads

Download data is not yet available.
Objavljeno
2024-10-30
Rubrika
Književnost u interkulturnom kontekstu