КНИЖЕВНИОТ ТЕКСТ КАКО ПОСТМЕМОРИСКА РЕТРАУМАТИЗАЦИЈА

  • Марија Ѓорѓиева-Димова

Аннотация

Поаѓајќи од теоријата на американската компаративистка Мериен Хирш за постмеморијата, т.е. меморијата на припадниците на втората/третата генерација потомци на преживеаните од холокаустот, како толкувачка рамка, која може да се примени врз различни контексти во кои се случува трауматскиот трансфер, целта на овој труд е да се истражи интерпретативната валидност на овој концепт во однос на голооточките трауматични искуства. Интер­претативниот фокус е поставен врз романот Молчи со отворена уста на Снежана Младенова-Анѓелков. Толкувањето ги следи нара­тивните постапки, кои се вклучени во артикулацијата на пост­меморијата во романот, односно на нејзините одлики: секун­дарноста, посредуваноста и (пост)мемориските релации со минатото низ имагинација, проекција и креација.

Скачивания

Данные скачивания пока не доступны.
Опубликован
2024-10-30
Как цитировать
Ѓорѓиева-Димова, М. (2024). КНИЖЕВНИОТ ТЕКСТ КАКО ПОСТМЕМОРИСКА РЕТРАУМАТИЗАЦИЈА. Филологические заметки, 22(2), 17-34. извлечено от https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/2727
Раздел
История и филология