КНИЖЕВНИОТ ТЕКСТ КАКО ПОСТМЕМОРИСКА РЕТРАУМАТИЗАЦИЈА

  • Марија Ѓорѓиева-Димова

Sažetak

Поаѓајќи од теоријата на американската компаративистка Мериен Хирш за постмеморијата, т.е. меморијата на припадниците на втората/третата генерација потомци на преживеаните од холокаустот, како толкувачка рамка, која може да се примени врз различни контексти во кои се случува трауматскиот трансфер, целта на овој труд е да се истражи интерпретативната валидност на овој концепт во однос на голооточките трауматични искуства. Интер­претативниот фокус е поставен врз романот Молчи со отворена уста на Снежана Младенова-Анѓелков. Толкувањето ги следи нара­тивните постапки, кои се вклучени во артикулацијата на пост­меморијата во романот, односно на нејзините одлики: секун­дарноста, посредуваноста и (пост)мемориските релации со минатото низ имагинација, проекција и креација.

Downloads

Download data is not yet available.
Objavljeno
2024-10-30
Rubrika
Povijest i filologija