Почитувани,

 

Пред вас се двата нови броја на мреженото онлајн списание „Филолошки студии“, кое, во 2022 година,  слави 20-годишен јубилеј. Првиот број е посветен на многуактуелната филолошка и семиотичка тема „Поликодноста во јазикот, литературата и културата“. Трудовите опфатени во оваа тематика расветлуваат бројни аспекти од денешната актуелна и, по многу нешта, атрактивна тема за поликодираноста во современата култура, поаѓајќи од различни методолошки стојалишта. Вториот број содржи прилози за словенските литератури, јазици, култури и културни истории. Во двата броја ги задржавме постојаните рубрики на списанието „Филолошки студии“: Филозофско-културолошки проблеми; Историја и филологија; „Зборот“ во историско-културолошки контекст (споредбен аспект); Литературата во интеркултурен контекст; Современото општество во културата, во јазикот и во литературата; Проучување на говорот и лингводидактика; Рецензии и информации. Во овогодишното издание се објавени дваесет и два прилози.

            Ова јубилејно издание го уредуваше Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб во соработка со партнерите: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија) и Институтот за литература и уметност од Белград (Србија). Во оваа пригода сакаме да им се заблагодариме на сите што учествуваа во создавањето на овогодишните „Филолошки студии“, особено на авторите, кои, со својот придонес, уште еднаш ја потврдија важноста на регионалното и на меѓународното поврзување во областа на хуманистичките науки.

Објавено: 2022-12-04

Филозофско-културолошки проблеми

Историја и филологија

Книжевноста во интеркултурен контекст

Современото oпштество во културата, јазикот и литературата