ЗА НАЗИВИТЕ НА ПТИЦИТЕ ОД РЕДОТ STRIGIFORMES (БУВ, УТ, УТКА, КУКУМЈАВКА), НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ И НАРОДНАТА СИМБОЛИКА ВО МАКЕДОНИЈА
Апстракт
Во македонската јазична територија постојат повеќе имиња на птици од редот на Strigiformes (bu, buf, buv, buh, buval, buhal, b'uhƒl, b'uh‚l, buhel, buarec, buo, b'uho, b'uhalo, bulut, bul'utin, b'ula~; ut, utka, 'utalen; lul'ejka, ulejka; d'umo; }or'opile; lo{o pile; ut, 'utalen, 'utka, f'utka, 'utica, 'utajka; kukum'avka, kukumj'afka, kukuq'avka, kukumwavka kukum'’fk‚ kuk™mj'afka, kukuvejka, kukuvajka, kukuv'e£ka, kukumajka, kukumja~ka, kukuv'aja; k'ukale; url'ejka, urul'ejka, ulumajka, ulejka, ulul'ejka, ulýul'e}a, ul'e}a, uluvejka, uqajka, ulýajka, huluv'ajka, lýulýajka; buf; ~uetarka, ~ovetarka, ~uv'i~ka; pust'ulýka; }u{'e). Ќе се обидеме да дадеме преглед на називите на птиците од редот Strigiformes (був, ут, утка, кукумјавка), но ќе се задржиме и на етимологијата и значењата на соодветните називи, верувањате и обичаите што постојат во македонската народна традиција, како и симболиката на овие птици.
Downloads
Референци
Уметничкото богатство на Македонија. Скопје: Македонска книга.
С.120–136.
Велевски, Методија. Андевски, Јован. Узунова, Данка. 2007. Птиците во
Македонија : мал прирачник. Скопје: Македонско еколошко друштво.
Величковски, Боне. 2009. Македонски пословици и поговорки. Скопје:
Институт за фолклор „Марко Цепенков“.
Видоески, Божидар. 1998. Дијалектите на македонскиот јазик. том 1. Скопје:
МАНУ.
Видоески, Божидар. 1999. Дијалектите на македонскиот јазик. том 2. Скопје:
МАНУ.
Видоески, Божидар. 1999. Дијалектите на македонскиот јазик, том 3. Скопје:
МАНУ.
Видоески Божидар. 2000. Текстови од дијалектите на македонскиот јазик.
Скопје: ИМЈ.
Видоески, Божидар. 2000. Прашалник за собирање на македонскиот дијалектен
атлас. Скопје: ИМЈ.
Виноградова, Л. Н. 2000. Народная демонология и мифо-ритуальная традиция
славян. Москва.
Вражиновски, Танас. 1998. Народна митологија на Македониците, том I, –
Етнографски и фолклорни материјали – том II. Скопје-Прилеп: Институт за
старословенска култура – Матица Македонска.
Денисова, И. М. 2003. Зооморфная модель мира и ее отголоски в русской
народной культуре. Москва: Этнографическое обозрение, № 6, С. 19-40.
Елијаде, М. 2005. Историја на верувањата и на религиските идеи - I, II, III.
Скопје: Табернакул.
Замуровић, А. 1998. Митолошки речник. Београд: Heres.
Китевски, М. 1989. Прилози за македонскиот фолклор. Скопје: Култура.
Кнежевић, С. 1971. Птиците во фолклорот и во симболиката кај балканските
народи. Скопје: Македонски фолклор, IV / 7-8. С. 115-130.
Михайлова, Г. 1996: Паунът и неговото перо, Българска етнология XXII/1,
София: БАН. С. 3-38.
Мицевски, Бр. 2005. Нови видови птици за орнитофауната на Република
Македонија, Скопје: Годишен зборник на Институтот за биологија при
ПМФ. С. [55]-73.
Пропп, В. Я. 2000. Русская сказка, (Собрание трудов В.Я. Проппа). Москва:
Лабиринт.
Пропп, В. Я. 1946. Исторические корни волшебной сказки, Ленинград.
Ристовска-Пиличкова, Ј. 2006. Симболиката и развојните форми на мотивот на
двоглавиот орел - со посебен осврт на неговата застапеност на печатот на
Скендербег, во: “Ѓерѓ Кастриоти Скендербег 1405-1468”. Скопје: ИНИ. С.
193-201.
Светиева, А. 2001. Верувањата во птици во фолклорот на календарските
празници од зимскиот циклус. Скопје Македонски фолклор, 56/57 С. 13-20.
Тресидер, Џ. 2001. Речник на симболи. Скопје: ТРИ.
Цветановски, Г. 2004. Каршијачкиот говор – Скопско (со посебен осврт на
синтаксата). Скопје: ИМЈ.
Цветановски, Г. 2010. Говорот на Македонците во Мала Преспа. Скопје: ИМЈ.
Цветановски, Г. 2001. Глаголите со значење менување на влакно кај добитокот
во дијалектите на македонскиот јазик. во: Македонска лексикологија и
лексикографија. Скопје: ИМЈ.
Цепенков, М. К. 1980. Македонско народно творештво. кн.10. Скопје:
Македонска Книга – ИФ.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.