КУЛТУРОЛОШКИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ НА МЕТАФОРАТА ВАМПИРИЗАМ НИЗ ДИСКУРСОТ НА СОВРЕМЕНАТА БАЛКАНСКА КНИЖЕВНОСТ
Апстракт
Вампирот како културолошка категорија ја симболизира цикличната преобразба на опстојувањето и на живата и на неживата опкруженост. Разгледувана во различни контексти оваа фигура претрпува континуирани трансформации во своето значење во рамки на светската и локалната културна меморија. Тргнувајќи од митската рамка и завршувајќи во рамките на современиот книжевен дискурс, вампирот градациски ја надградува атрибутивноста. Обидот да се прикаже пробивањето на оваа митската фигура во книжевната меморија е сконцентриран врз дискурсот на три книжевни творби од современата балканска книжевност: „Легионите на свети Адофонис“ од Славко Јаневски, „Како да се упокои вампирот“ од Борислав Пекиќ и „Вампир“ од Борислав Периќ. Притоа хронотопот Балкан се чини најподатен за континуирано прелевање на атрибутите на митот за вампирот помеѓу различните културни сегменти. Опфаќајќи ги современите книжевни и општественосоцијални струења: постколонијализмот, глобализмот, мултикултуралноста итн. значењето на вампирот добива потенцијал да се издигне над тривијалноста.
Downloads
Референци
задруга (основана 1892). КОЛО LXII КЊИГА 417: 213. 165-192.
Вражиновски, Танас. Спировска, Лепосава.1988. Вампирите во македонските
верувања и преданија. Скопје. Институт за фолклор „Марко Цепенков“.
„Нова Македонија“: 98.
Георгиев., Вл., Гълъбов, Ив., Заимов, Й., Илчев, Ст.1962. Български
етимологичен речник. Софија: Издателство на българската академия на
науките. Българска академия на науките: Институт за български език:
вампѝр:117.
Дуев, Ратко.2010. Ѕевс и Дионис: раѓање на античките верувања и култови.
Скопје: Силсонс. 254.
Даскалова,Л., Добрева,Д., Коцева,И., Мицева,Е.1985. Сборник за народни
умотворения и народопис, Народна проза од Благоевградски окръг (нови
записи) LVIII, София, 376-381.
Ђорђевиħ, Тихомир.1953. Вампир и друга биħа (у нашем народном веровању и
предању).Београд: САНУ.
Јаневски, Славко.1987. Миракули на грозомората. Легионите на свети
Адофонис. Скопје: Македонска книга. 457.
Малинов, Зоранчо.2001. Посмртните обичаи во брегалничката област.
Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“:181.
Спивак, Чакавотри.2003. Постколонијална критика. Скопје: Темплум. 47.
Старделов, Георги.1983. Experimentum macedonicum. Скопје: Македонска
книга: 292.
Ќулавкова, Катица (ур).2007. Поимник на книжевната теорија. Скопје:
МАНУ: 669.
Урошевиќ, Влада.1988. Демони и галаксии. Скопје: Македонска книга.
1991.Митската оска на светот:10.
(http://loza.mk/2012/12/mitskata-oska-na-svetot)
Чајкановић, Веселин.1973. Мит и религија у Срба. Београд: Српска књижевна
задруга. 340.
Черных, П. Я.1999. Историко-этимологический словарь современного
русского языка. 13 560 слов: 3-е издание, стереотипное. Том I. Апантомима. Москва: Издательство „Русский язык“: 135, од. вампир).
Шаровиħ, Марија.2008. Метаморфозе вампира:(компаративна анализа
мотивског комплекса вампира у делима Р. Метисона, Б. Пекиħа, Б.Вијана
и С. Лукјањенка). Београд: Институт за књижевност и уметност: 369.
Culler,Jonathan.1991. O dekonstrukciji: teorija I kritika poslije strukturalizma.
Zagreb: Globus: 276.
Durand,Gilbert.1991. Antropoloske strukture imaginarnog. August Cesarec: Zagreb:
411.
Kramarić, Zlatko.1988. Novi Experimentum Macedonicum. Osijek: Izdavački centar
,,Revija“, Radničko sveučilište ,,Božidar Maslarić“: 246.
Lovmjanjski, Henrik.1996. Religija Slovena. Beograd: Slovograf: 315.
Pekić, Borislav.1984. Kako upokojiti vampira. Beograd: IRO: ,,Partizanska knjiga”
– Ljubljana OOUR izdavačko publicistička delatnost: 407.
Perić, B.2006. Vampir. Zagreb : Naklada Ljevak: 293.
Skok, Petar.1972/73. Etimologijski rječnik Hrvatskoga ili Srpskoga jezika. knj.2-3.
Zagreb. piriti: knj.2: 660-661; vampir: knj.3: 564-565).
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.