ХЕСИОД ВО МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРНА СРЕДИНА
Апстракт
Истражувањето на книжевната рецепција на поетското творештво на Хесиод во македонската културна средина покажа дека станува збор за сложен книжевно- комуникациски процес кој може да се следи во неколку рецептивни фази (пасивна, посредна и репродуктивна), на повеќе рамништа (интертемпорално, интерлингвистичко и интеркултурно рамниште). Почетоците на книжевната рецепција на Хесиодовото поетско творештво, во македонската културна средина, се согледуваат во XIX век. Поради отсуството на податоци за конкретни преведувачки пофати на Хесиодовите дела, во овој период, но и според контактите што ги остварувале македонските преродбеници Григор Прличев и Јордан Хаџи Константинов Џинот, кои се служеле со дел од творештвото на Хесиод, на некој од класичните јазици, рецептивниот процес се определува како пасивен. Оваа состојба се менува во текот на првата половина од XX век, кога присуството на делата на Хесиод во македонската културна средина, според препевите на некои од соседните јазици, дозволува да се говори за посредни канали на книжевна рецепција. Објавувањето, пак, на првите критички осврти за Хесиодовото творештво во македонската периодика од втората половина на XX век и појавата на првите македонски препеви на Дела и дни (1996) и Теогонија (2001), кон крајот на минатото столетие, ја обележуваат репродуктивната фаза на книжевната рецепција на Хесиод во македонската културна средина. Проследувањето на почетокот, обемот, содржината и карактерот на оваа книжевна рецепција, актуализираше низа прашања, кои подеднакво се однесуваат на средбата на класичното дело со читателите во други епохи (интертемпорално рамниште), на довербата на книжевниот превод (интерлингвистичко рамниште), а на поопшт план и на книжевните, естетските и идеолошките средби на македонската култура со древната хеленска култура (интеркултурно рамниште).
Downloads
Референци
Glavičić. B. 1970. „Struktura stiha i struktura rečenice u Hesioda“. ŽA, 21/1, 65-102.
Димитриоски. Тренчо. 2000. „Повикување на Пиериските музи: Македонија во најстарите пишани уметнички форми“. Во: Стремеж, бр. 3-4, стр. 140-147.
Зографска. Елена. 1983. „Антиката во делото на Џинот“, Во: Прилози МАНУ, бр.1-2, стр. 89-97
Kaczyńska. Elwira. 1998. „Remarks on μίτρηνλύειν in Callimachus and Hesiod“. ŽA,48/1-2, 43-46.
Колева. Елена. 2001. „Хесиод – обид за неколку хеуристички тези“. Предговор во Хесиод. 2001. Теогонија. Препев, коментар и индекс Марија Чичева-Алексиќ. Сигмапрес. Скопје, стр. 5-28.
Margetić. L. 1962. „Pravo u Hesiodovu epu Ἒργα καὶ ἡμέραι“. ŽA 12/1, 39- 49.
Митевски. Витомир. 1996. „На изворот на хелелнската духовност“. Предговор во: Хесиод, Дела и дни. 1996. Препев од старогрчки, Витомир Митевски. Култура, Скопје. стр. 5-42.
Митевски. Витомир. 2001. „Хесиод“. Во: Античка епика. Матица македонска. Скопје. стр. 187-263.
Младеновска. Катерина. 1999. „Хесиодовиот мит за Прометеј и Пандора“. Спектар бр. 33-34, стр. 183- 197.
Младеновска-Ристовска. Катерина. 2003. „Првата жена во хеленската митологија: митот за првата жена Пандора – една од централните свети приказни во хеленската митологија“. Зборник истражувања од областа на родовите студии (ур. Катерина Колозова). Евро Балкан Прес, Скопје, стр. 251-293.
Пажо. Даниел-Анри. 2002. „Општа и компаративна книжевност“. Македонска книга. Скопје.
Петрушевски. Михаил. 1970. „Прличев и Хомер“. Во: Прилози МАНУ, бр. 1/2, стр. 25-56.
Томовска. Весна. 2003. „ Хесиод, ʼТеогонијаʽ. Препев, коментар и индекс Марија Чичева-Алексиќ. Предговор Елена Колева. Скопје, Сигмапрес, 2001.“. Во: Систасис, бр. 2-3.
Томовска. Весна. 1991. „Изгубеното и спасувачкото време“. Ж.А Посебни изданија бр. 9, Скопје, стр.154-157.
Хесиод. Дела и дни. 1996. Препев од старогрчки, Витомир Митевски. Култура, Скопје.
Хесиод. 2000. „Теогонија: или Раѓање на Боговите 1-151“. Препев од старогрчки јазик Марија Чичева-Алексиќ. Во: Lettre Internationale, бр. 18, стр. 72-74. Хесиод. Теогонија. 2001. Препев од старогрчки коментар и индекс Марија Чичева-Алексиќ, Сигмапрес, Скопје.
Хесиод. 2003.Теогонија. (избор на стихови: 52-53; 571-584; 588-601; 602-612; 613-616;) Дела и дни. (избор на стихови: 8; 60-83; 83-89; 89-105; 276-279;). Препев од старогрчки јазик, Катерина Младеновска-Ристовска. Во: „Првата жена во хеленската митологија: митот за првата жена Пандора – една од централните свети приказни во хеленската митологија“. Зборник истражувања од областа на родовите студии (ур. Катерина Колозова). Евро Балкан Прес, Скопје, стр. 251-293.
Шеврел. Ив. 2005. „Компаративна книжевност“. Магор. Скопје.
Шоптрајанов. Ѓорѓи. 1949. „Библиотеката на Јордан Хаџи Константинов Џинот – придонес кон проучувањето на културната преродба во Македонија“. Во: Годишен зборник на Филозофски факултет – Скопје, Скопје, бр.2. стр.1-154.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.