(НЕ)СЕКОЈДНЕВНОТО И (НЕ)ОБИЧНОТО ВО НЕКОЛКУ РАСКАЗИ НА ДАНИЕЛ ОДИЈА

  • Кристина Димовска

Апстракт

Во трудот се анализираат и се коментираат неколку раскази (со главен акцент на „Лица“, „Триптих“ и „Вистинска приказна“) од збирката раскази Стакларница (2005) на полскиот автор Даниел Одија (прев. од полски на македонски јазик на Филип Димевски; Готен, 2018 г.).

Предмет на интерес е (не)секојдневното и (не)обичното и како тие се трансформираат во несекојдневна и стилизирана, уметничка пригода и појава. Се истражува главната хипотеза според која преку хумористичниот стил, успешно доловен од преведувачот, се преобразуваат ликови, настани и сцени од секојдневниот живот и тие прераснуваат во уметнички перформанс.

За докажување на хипотезава се користат дескриптивниот и интроспективниот метод. Целта на трудот е да покаже како преку хумористичниот стил, Одија, преку своите наратори (Мјетек, Роберт и др.), го претставува тегобното и тешкото како весело и комично, тривијализирајќи ги големите теми, како што е смртта, за да ги направи уметнички подостапни и поедноставни за разбирање.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-09-29
Рубрика
Филозофско-културолошки проблеми