„КАДЕ Е РИДОТ НА ЗМИИТЕ?“ КОМПАРАТИВНА СОДРЖИНА НА КУЛТУРНИТЕ ПРОМЕНИ ВО ЗМИЈАРНИК

Autor(i)

  • Dragica Popovska Insitute of National History “Ss. Cyril and Methodius” University Skopje Macedonia , , Институт за македонскa историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија , , ,

Ključne riječi:

змијарник, место, змија, црква

Sažetak

Трудот ги истражува културните промени настанати во т.н. Змијарник, лоциран во селото Орман, близу Скопје, Р. Македонија. Базиран е на етнографски податоци собрани во различни периоди и тоа 1937, 1971 и 2014. Етнографските податоци го интерпретираат начинот на интеракција помеѓу ’местото’ и луѓето, преку човековите перцепции, идеи и однесувања поврзани со конкретниот простор што биле карактеристични за едно време и нивната модификација во друго време, се до денес. Трудот ги вклучува и просторните промени кои настанале низ времето во конкретниот простор, кои ги поттикнале и културните промени во него. Од место поврзано со змиите, односно култот кон нив, просторот бил трансформиран со текот на времето и постепено добил форма со христијанско значење. Компаративната анализа на последователните фази поврзани со ова место го интерпретира неговиот статус и значење во перцепцијата на луѓето, низ времето.

Preuzimanja

Podaci o preuzimanjima još nisu dostupni.

Preuzimanja

Objavljeno

2019-10-16

Broj časopisa

Rubrika

Suvremeno društvo u kulturi, jeziku i književnosti

Najčitaniji članci istog autora / istih autora

1 2 > >>