ПОЈДОВНИ ОСНОВИ за изготвување на Националната стратегија за спроведување на стандардните правила за изедначување на можностите на хендикепираните лица
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во октомври 1999 година, во Скопје, се одржа семинар за стандардните правила на Обединетите нации за изедначување на можностите на лицата со хендикеп. Семинарот беше организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Заедницата на инвалидските организации на Македонија и Британската амбасада. На семинарот учествуваше и Виктор Валштрон, Заменик на специјалниот известувач на ОН и член на Панел експертите на ОН за Стандардните правила.
На крајот на дводневниот семинар едногласно беше донесена декларација за Национална стратегија во Република Македонија за правата на лицата со хендикеп. На семинарот, исто така беше заклучено, Владата на Република Македонија да превземе итни акции за донесување на Национална стратегија за хендикепираните лица во Република Македонија.
Согласно овој заклучок Министерот за труд и социјална политика формира комисија за изготвување на Националната стратегија. Комисијата, во текот на декември минатата година се обрати до повеќе установи и стручни лица од оваа област и побара мислење и предлози што би помогнале за подобро изготвување на Националната стратегија.
Во врска со тоа, авторите на овој труд како прилог за изготвување на Националната стратегија до комисијата доставија текст под наслов Појдовни основи за изготвување на Националната стратегија во Република Македонија.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 1999 Љупчо Ајдински

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
