СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЦАТА СО МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА

Автори

  • Оливера РАШИЌ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  • Vladimir Trajkovski Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

сексуална злоупотреба, ментална ретардација, преваленција и превенција

Апстракт

Луѓето од општата популација недоволно се запознаени со проблемите што ги создава менталната ретардација. Тие често имаат погрешни сознанија и предрасуди за ментално ретардираните лица, поистоветувајќи ги со лицата кои боледуваат од различни психијатриски заболувања. Најчесто лицата со ментална ретардација ги сметаат за различни од општата популација, но доколку им се пријде поблиску се забележува дека има многу повеќе меѓусебни сличности отколку разлики. Времето во кое денес се живее е испреплетено со низа предизвици и збиднувања, кои се особено застрашувачки за лицата со ментална ретардација. Со развојот и осовременувањето на технологијата и општеството во целост, логички би било да се очекува унапредување на интерхуманите односи, но напротив може да се сведочи за многу злодела. Секојдневно сè повеќе расте бројот на ментално ретардирани лица кои се жртви на сексуална злоупотреба, а најтрагично е тоа што во најголем број случаи тие и не се свесни дека врз нив е изведен таков чин. Лицата со ментална ретардација најчесто стануваат жртви на ваквите нечовечки дела, бидејќи не знаат да кажат „НЕ“ на возрасните.
Овој труд е прилог кон испитувањето за преваленцијата, причините и можностите за превенција на сексуалната злоупотреба на лицата со ментална ретардација.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2006-09-30

Како да се цитира

СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЦАТА СО МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА. (2006). Дефектолошка теорија и практика, 7(3-4), 57-68. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 63

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)

<< < 1 2 3