ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ НА ПЕЛТЕЧЕЊЕ КАЈ ДЕТЕ ВО ПОЧЕТЕН СТАДИУМ

Автори

  • Силвана ФИЛИПОВА Institute of Hearing, Speech and Voice Rehabilitation, Skopje, Macedonia
  • Ана ПОПОВСКА Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, Скопје, Македонија
  • Билјана ЛОЗАНОВСКА Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, Скопје, Македонија
  • Лау ЃУРЧИНОВСКА Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, Скопје, Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

пелтечење, супра­сег­мен­тна структура на говорот, флуентен и дис­­­флуентен говор

Апстракт

Пелтечењето спаѓа во групата на нарушување на супрасегментната структура на говорот. Су­п­ра­­сегментната структура на говорот ја со­чи­ну­ваат квантитативните карактеристики на гово­рот како што се: говорниот тек, ритам и тем­по, трае­ње, интензитет, висина на гласот, ак­цен­туа­ци­јата на зборовите и мелодијата на исказот.
Пелтечењето се манифестира како нарушување на говорната флуентност. Нормалниот гово­рен тек го карактеризираат пет временски ди­мен­зии:
Првата димензија е редослед. Гласовите имаат свој одреден редослед во зборовите. Редоследот на гласовите го одредува значењето на збо­ро­ви­те. Исти гласови со обратен ред во зборот има­ат друго значење.
Втората димензија е траењето. Секоја говорна по­јава, секој глас има свое траење. Нарушу­ва­ње­то во траењето може да предизвика недовол­на разбирливост на говорот, затоа што трае­ње­то заедно со акцентот е диференцијален знак.
Третата димензија е брзината со која се изго­ва­ра­ат фонетските елементи, па и зборовите. Пре­те­раната брзина на говорот, како и претераната спорост, може да влијае на разбирливоста како што е случајот со тахифемијата.
Четвртата димензија е ритамот, кој се изразува во начинот на говорниот тек. Ако говорот е пре­брз, грчевит, испрекинат, неизедначен, тој е тежок за слушање, а често и заморен.
Петтата димензија е течноста на говорот, кој се остварува со слевање на гласовите и зборовите во реченицата. 

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2007-09-30

Како да се цитира

ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ НА ПЕЛТЕЧЕЊЕ КАЈ ДЕТЕ ВО ПОЧЕТЕН СТАДИУМ. (2007). Дефектолошка теорија и практика, 8(3-4), 80-88. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 66

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)