ПРЕГЛЕД НА ЗАШТИТАТА ОД КРИЗА ВО ОДНЕСУВАЊЕТО И ИНТЕРВЕНЦИЈАТА ВО УЧИЛИШТАТА ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Автори

  • Роланд ПАУЛАУСКАС Siauliai University, Siauliai, Lithuania

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

заштита од криза, интер­вен­ција при вербални криза, ненасилна фи­зи­чка интервенција при криза, континуирана еска­лација на кризата, позитивна поддршка на однесувањето

Апстракт

Развојот на цивилизацијата ги направи кри­зи­те неразделен дел од нашиот живот. Ис­ти­те се појавуваат речиси во сите соци­јални струк­тури и организации, вклучувајќи ги и обра­зовните институции. Целите на овој труд се да презентира теоретски модел на нор­­мално, девијантно и антисоцијално одне­су­­вање, да ги дискутира психо-социјалните карак­­теристики на емотивно растроените адо­лесценти, сместени во установи за пре­стој и посебно образование во САД и да ги ана­­лизира најраспространетите кризи во одне­сувањето кај оваа популација, фази на ес­ка­лацијата на кризата и ненасилна пре­вен­ција од кризи и стратегии на интервенција. Ко­рис­тените методи во овој труд вклучуваат пре­г­лед на научна литература, анализи на ста­­тистички информации од различни вла­ди­ни извори, преглед и анализа на сту­дент­ски записи и анализа на искуството на авто­рот поврзано со работата со емотивно рас­трое­ни младинци во училиштата за престој и обра­­зование во САД.

Резултатите од ова истражување укажуваат на различните терминологии кои ги кори­стат научниците од различните научни дис­ци­плини при опишување на социјално неа­дек­ватното однесување. Авторот прикажува тео­ретски модел на нормално, девијантно и анти­социјално однесување кое може да го по­добри разбирањето и препознавањето на ри­зични ситуации и однесувања кои водат до сериозни кризи. Анализите на студентски за­писи открива дека повеќето од  адо­лес­­це­нтите сместени во специјални училишта за пре­стој и образование се дијагностицирани со неколку ментални здравствени проблеми. Ова налага дека постоечката превентивна нега и образовна парадигма во посебните учи­лишта за образование и престој, треба да се заменат со сеопфатен третман парадигма. Тру­дот исто така ги дискутира позитивните и негативните интервенции при кризи. Мис­ле­њето на авторот е дека сите специјални еду­кативни установи, кои им се на рас­по­ла­гање на емотивно растроените деца, треба да при­фатат еден од ненасилните модели на интер­венција при криза во однесувањето и да развијат и применат менаџментска поли­тика, планови и процедури за справување со кризи.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2011-03-31

Како да се цитира

ПРЕГЛЕД НА ЗАШТИТАТА ОД КРИЗА ВО ОДНЕСУВАЊЕТО И ИНТЕРВЕНЦИЈАТА ВО УЧИЛИШТАТА ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ. (2011). Дефектолошка теорија и практика, 12(1-2), 69-85. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 75

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.