ВИЗУЕЛНАТА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА СО ОШТЕТУВАЊЕ НА PLEXUS BRACHIALIS – ПРОЦЕНА И ТРЕТМАН
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
оштетување на plexus brachialis, визуелна перцепција, соматопедски третманАпстракт
Преку моториката се одвива меѓучовечка комуникација и се остваруваат психосоцијалниот и ментален развој на личноста, како и сите нејзини останати функции. Најчестиот невролошки синдром од периферен тип е пареза/парализа на plexus brachialis, која во поголем број случаи настанува за време на раѓањето и значајно го компромитира растот и развојот на горните екстремитети и има влијание врз психомоторното функционирање.
Целта на овој труд е да се испита нивото на визуелната перцепција кај децата со оштетување на plexus brachialis како и влијанието на соматопедскиот третман врз подигнувањето на нивото на визуелната перцепција. Примерокот го сочинуваат 60 испитаници од предучилишна возраст, кои се наоѓаат на болничко лекување во Клиниката за рехабилитација „Д-р Мирослав Зотовиќ“ во Белград (експериментална група), и испитаници кои доаѓале на редовни контроли и имаат дисконтинуитет во терапијата (контролна група). За потребите на истражувањето користен е тест за процена на визуелната перцепција. Со анализата на добиените резултати заклучивме дека и при првото и при второто мерење постои статистички значајна корелација меѓу испитаниците од експерименталната и контролната група (1-то мерење: p<0.001, r=0.408; 2-то мерење: p<0.001, r=0.593)
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2012 Драгана М. Кљајиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
