ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНИ И КОМБИНИРАНИ ПРЕЧКИ: ПРИОД НА РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА ЗАСНОВАНА ВО ЗАЕДНИЦАТА, ИНДИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
интелектуална попреченост, комбинирани пречки, инклузија, коефициент на интелигенција, церебрална парализа, епилепсија, психијатриски нарушувања, рехабилитација заснована во заедницата, ИндијаАпстракт
Вовед: Инклузијата на децата со интелектуална попреченост (ИП) и со комбинирани пречки (КП) во редовните училишта во Индија е на крајно ниско ниво. Една од клучните цели на рехабилитацијата заснована во заедницата (РЗЗ) е да ги вклучи децата со ИП и КП во редовните училишта. Ова истражување се обидува да ја открие поврзаноста на возраста, тежината на ИП, нивото на сиромаштијата, полот, образованието на родителите, популацијата, комбинираните пречки коишто содржат едно или повеќе нарушувања: церебрална парализа, епилепсија и психијатриски нарушувања, со инклузијата на 259 деца во Барвани Блок во областа Барвани во државата Мадја Прадеш, Индија.
Цел: Инклузија на децата со интелектуални и комбинирани пречки во редовните училишта преку РЗЗ-пристапот во Индија.
Резултат: Инклузијата беше овозможена за гранични случаи 2 (66,4%), лесни 54 (68,3%), умерени 18 (18,2%) и на возраст од 5 до 12 години 63 (43%); на 63 (30,6%) деца што живеат во сиромашни семејства, несиромашни 11 (18,9%); од необразовани родители 52 (26%), со основно образование 11 (65%), со средно училиште 10 (48%), со гимназиско образование 0 (0%) и дипломирани 1 (7%); женски 34 (27,9%), машки 40 (29,2%), племенски 40 (28,7%), неплеменски 34 (28,3%); со комбинирани пречки со церебрална парализа 1 (1,2%), епилепсија 3 (4,8%) и психијатриски нарушувања 12 (22,6%) им беше овозможено инклузивно образование. Забележана е значајна разлика во инклузијата меѓу ИП-категориите (c2= 99,8 p < 0,001), нивото на сиромаштија (c2=3,37 p 0,044), образованието на родителите (c2=23,7, p < 0,001), КП со ЦП (c2=43,9 p < 0,001) и со епилепсија (c2=22,4 p < 0,001).
Заклучок: Инклузијата остварена преку РЗЗ е можна и прифатлива во сиромашните рурални средини во Индија. РЗЗ може да ја олесни инклузијата на децата од категоријата на граничните случаи, од лесната и умерената категорија со вклучување на нивните родители, на наставниците и претставниците на заедницата.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Рам Лакхан

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
