МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА СОВРЕМЕНИ АСПЕКТИ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

Автори

  • Ирена НОВАЧЕСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Во периодот од 17 до 19 октомври 2013 година, во хотел Метропол во Охрид беше одржана Четвртата меѓународна конференција на тема Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност, во организација на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, кој прослави јубилејни 20 години од започнувањето на студиите по дефектологија. На Конференцијата учествуваа 135 учесници, меѓу кои значајни имиња од областа на специјалната едукација и рехабилитација, истакнати истражувачи, практичари, дефектолози и стручни соработници од земјата и од странство, како и значаен број на студенти и постдипломци.
Конференцијата беше отворена на 17 октомври од раководителката на Институтот за дефектологија проф. д-р Зора Јачова и претседателот на Организациониот одбор доц. д-р Зоран Киткањ. Свое обраќање до присутните имаше и деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Горан Ајдински, како и претставник од Министерството за образование и наука, раководителот на Одделот за високо образование г. Борче Алексов. По поздравните говори, своја изведба имаше оркестарот од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, по што следеа пленарните предавања на следниве предавачи:

  •         проф. д-р Љупчо АјдинскиРазвој и состојба на системот за рехабилитација на лицата со инвалидност во Р. Македонија;
  •         доц. д-р Зоран КиткањМалолетничката деликвенција проблем на современото општество - состојба, реакција и предизвици;
  •         Лук Зелдeрлo, генерален секретар на EASPD, преку интернет - пренос во живо, зборуваше за перспективата на EASPD изнесени во неговата тема Инклузивно учење – перспективи и можности;
  •         Дејвид Прис: Ефектот од спроведување тренинг за позитивна бихејвиорална поддршка за родители на деца со аутизам и слични проблеми во однесувањето и
  •         проф. д-р Ристо ПетровТретман на лицата со интелектуална попреченост и здравствените последици за вработените.

По завршувањето на пленарните предавања, следеше доделувањето на плакети и благодарници од Институтот за дефектологија, за посебен придонес во формирањето и развојот на студиите по дефектологија, кои беа врачени од страна на раководителката на Институтот, проф. д-р Зора Јачова. Награди и сертификати беа доделени и од фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“, а истите беа врачени од проф. д-р Љупчо Ајдински.
Од вкупно пријавени 115 трудови, на конференцијата беа презентирани 67, поделени во четири категории: рехабилитација, едукација, квалитет на животот и нарушувања во однесувањето. Покрај претставници од земјата, во сесиите и дискусиите активно учествуваа и гостите од Србија, Црна Гора, Хрватска, Англија и Соединетите Американски Држави. Презентираните трудови ќе бидат објавени во Зборник на трудови, по завршувањето на конференцијата. Богатата и разновидна програма им овозможи на сите учесници да ги збогатат своите професионални знаења и искуства.
По одржувањето на двете работилници: Како автономната дисфункција води до когнитивни проблеми и влијае врз учењето од Грахам Евинг и Системски семеен пристап во работата со семејства со дете со попреченост од проф. д-р Марија Ралева и Лилјана Трпчевска, Конференцијата беше затворена од претседателот на Научниот одбор проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова. По затворањето на Конференцијата следуваше туристичко разгледување на Охрид.
Апстрактите од трудовите и галеријата на слики од Конференцијата можете да ги најдете на официјалната веб-страница: http://maser.fzf.ukim.edu.mk.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2014-03-31

Како да се цитира

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА СОВРЕМЕНИ АСПЕКТИ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ. (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(1-2), 123-125. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)