УЛОГАТА НА ГРУПИТЕ ЗА ПОДДРШКА ВО СОРАБОТКАТА МЕЃУ РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНИ ПРЕЧКИ И СТРУЧНИОТ КАДАР
Клучни зборови:
родители на лица со тешка и длабока интелектуална попреченост, стручен кадар, групи за поддршка, соработкаАпстракт
Вовед: Eден од начините за градење и развивање подобра соработка помеѓу родителите на лица со тешка и длабока интелектуална попреченост и стручниот кадар е инклузијата на родителите во групи за поддршка на родители, а на вработените во групи за поддршка на вработени.
Цел: Да се испита корелацијата на нивото на соработка меѓу родителите на лица со тешка и длабока интелектуална попреченост и стручниот кадар со инклузијата на родителите во групи за поддршка на родители, а на вработените во групи за поддршка на вработени.
Методологија: Испитаници: родители (296) на лица со тешки и длабоки интелектуални пречки и вработени (298) во пет центри низ Словенија; методи: дескриптивна статистика, тест на хомогеност, метод на рангирање, еднонасочна анализа на варијанса; процедури: прашалници за родители и вработени. Податоците беа обработени со користење на ЅРЅЅ-софтвер за персонални компјутери.
Резултати: Разликата помеѓу варијансите на групите (родител) е статистички значајна (F = 6.16; p = 0.01). Вработените вклучени во групите за поддршка имаат значително помало ниво на соработка со родителите (f = 10; M = - 0.12) од вработените кои не се вклучени во овие групи (f = 191; M = 0.04).
Заклучок: За разлика од теоретските заклучоци, резултатите покажаа помалку успешна соработка за стручниот кадар вклучен во групите за поддршка. Исто така, резултатите не потврдија какви било разлики во соработката на родителите вклучени во групите за поддршка и оние кои не се вклучени. Предлагаме длабинска анализа на дејностите на групите за поддршка.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2014 Метка Новак

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
