РЕЦИДИВИЗМОТ ПО ТРЕТМАН ВО ДИСЦИПЛИНСКИ ЦЕНТАР ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ
Клучни зборови:
рецидивизам, образовни мерки, фактори за реакцијаАпстракт
Целта на овој труд е да се истражат разликите во карактеристиките при рецидивизам и нерецидивизам во психосоцијалното функционирање по третман во Дисциплинскиот центар за малолетници во Кантон Сараево, Федерација на Босна и Херцеговина. Истражувањето беше спроведено на примерок од 131 малолетен деликвент, на кои им е изречена образовна мерка испраќање во малолетнички дисциплински центар. Со програмскиот пакет SPSS 17.0 беше извршена статистичка анализа. Разликите меѓу рецидивистите и нерецидивистите беа измерени со тестот на Ман-Витни по сите варијабли. Во група од четири варијабли беа споредени: (а) училишните фактори, (б) семејните фактори, (в) активностите во слободното време и односите со врсниците и (г) личноста и однесувањето на малолетниците. Резултатите покажаа дека во сите четири подрачја на психосоцијалното однесување, факторите на ризик се поизразени кај рецидивистите. Најголеми разлики се забележуваат во одрачјето поврзано со активностите во слободното време и односите со врсниците, како и во семејното функционирање. Резултатите укажуваат дека треба да се примени поинтензивиран третман што ќе биде фокусиран на овие подрачја за да се спречи рецидивизмот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2014 Ранко Ковачевиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
