УЛОГАТА НА МЕТРИКАТА НА ТРУДОТ ВО НАУЧНОТО ОБЈАВУВАЊЕ
Клучни зборови:
метрика на труд, алтметрика, сциентометрија, научно објавување, социјални медиумиАпстракт
Новите параметри засновани на ниво на труд не ги исклучуваат традиционалните парамет-ри засновани на цитирања во списанието, ту-ку напротив ги надополнуваат истите. Пара-метрите на ниво на труд нудат широк спектар на параметри за влијанието на една индивидуална статија од весник во научната јавност по нејзиното објавување. Овие параметри вклучуваат цитирања, статистика на искористеност, дискусии во онлајн коментари и социјални мрежи, социјални обележувачи и препораки.
Во ова резиме, опишана е улогата на метри-ката на ниво на труд во објавувањето на научни трудови. Параметрите на ниво на труд брзо прераснуваат во важна алатка за мерење на фактот колку за една индивидуална статија се дискутира, колку истата се споделува и колку истата се користи. Изворите на податоци зависат од алатката која се користи, но истите вклучу-ваат класични мерни индикатори кои се зас-новаат на цитирања, академски социјални мрежи (Mendeley, CiteULike, Delicious) и соц-ијални мрежи (Facebook, Twitter, блогови и Youtube).
Најпопуларните алатки кои се користат за примена на овие нови параметри се: Public Library of Science - Article-Level Metrics, Altmetric, Impactstory и Plum Analytics. Факторот на влијание на списанијата не под-разбира влијание или ефект надвор од брое-њето на цитирањата, како што ова броење се рефлектираше единствено во базата на пода-тоци на Томсон Ројтерс веб страница за наука (Thomson Reuters’ Web of Science®). Факторот на влијание на списанијата обезбедува индикатор поврзан за весникот, но не и за објавениот труд. Поради тоа, алтметриката сега станува алтернативен параметар за оценка на ефикасноста на индивидуални научници и нивниот придонес во научните публикации.
Македонските научни објавувачи треба да ра-ботат на имплементација на метрика на ниво на труд во нивните електронски изданија. Тоа е еден од начините на зголемување на нивната видливост и влијание во светот на науката.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Владимир Трајковски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
