ПРОЦЕНКА НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ КОИ ПОСЕТУВААТ ПОСЕБНИ УЧИЛИШТА ВО СРПСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ

Автори

  • Радомир Бранислав АРСИЌ University of Pristina-Kosovska Mitrovica, Theacher Training Faculty in Prizren-Leposavic, Serbia
  • Србољуб Властимир ЃОРЃЕВИЌ Универзитет во Ниш, Факултет за наставници во Врање, Србија

Клучни зборови:

квалитет на животот, глуви деца, семејство, училиштен интернат, социјална грижа

Апстракт

Квалитетот на животот е неодреден и тешко може да се дефинира, бидејќи индивидуалните цели во рамките на економските, културните, религиските и образовните фактори имаат доминантно влијание.
Целта на оваа студија е да се утврдат разликите во одговорите добиени за ква-литетот на животот на глуви и наглуви деца и да се прикаже која од двата вида социјална заштита, семејна или интернатска, обезбедува подобри услови за проценка на квалитетот на животот на овие деца.
За обработка на податоците беа користени дескриптивна статистика и статистичка анализа (Кронбахова алфа, т-тест и Пирсоновиот коефициент на корелација). Сите статистички анализи беа изведени во статистичката програма SSPS 19. Примерокот опфаќа 61 ученик од посебните училишта за глуви деца, кои беа испитувани со педијатрискиот прашалник за квалитетот на животот (Pediatric Quality of Life Inventory TM – PedsQL, version 4.0).
Резултати: со децата што се сместени во интернатите на посебните училишта за глуви деца, во однос на нивното образование добивме помалку изразени резултати, од 0,70 на супскалата за психофизичко здравје до 0,81 на социјалната скала.
Заклучок: добиените резултати укажуваат дека децата со оштетен слух кои се сместени во училишта за глуви со интернат, во текот на нивното образование имаат поповолни можности за квалитетот на нивните животи, и покрај фактот дека тие живеат во интернат, споредено со деца кои живеат во своите семејства.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-03-30

Како да се цитира

ПРОЦЕНКА НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ КОИ ПОСЕТУВААТ ПОСЕБНИ УЧИЛИШТА ВО СРПСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(1-2), 26-41. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5032

Слични трудови

1-10 од 44

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.