НОВИНИ ВО ТЕРАПИЈАТА НА АУТИЗМОТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
аутизам, терапија, студииАпстракт
Уште нема специфични лекови во третманот на аутизмот. Голем број методологии биле искористени во евалуацијата на безбедноста и ефикасноста на фармаколошките третмани кај децата и возрасните со аутизам. Во студиите се особено значајни два параметра, а тоа се постоење "слепи" и контролни групи. Студиите со највисок квалитет ги користат двете-"слепа" и контролна процедура подеднакво. Тие треба да бидат изведени во повеќе места и да содржат голем број субјекти.
Истражувањата што ги проценуваат лековите, предложени во третманот на аутизмот, постојано се во пораст. Забележливо е забрзано истакнување на потребата од тестирање на лековите и подобра информација за третманите, која треба да биде побрзо достапна отколку во минатото. Во овој труд ќе бидат дискутирани следните видови лекови и видови терапии: можни идни третмани со лекови-како што се окситоцин, тетрахидробиоптерин и ампакините, хормонска терапија, антигабична терапија, витаминските терапии, диметилглицинот, алфа липоичната киселина и терапиите со диета.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2004 Владимир Трајковски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
