ОПШТЕСТВОТО НИ СУДИ ПО ОНА ШТО Е РАЗЛИЧНО, ФРИЗУРА СО ПЛЕТЕНКИ, ПИРСИНЗИ И ТЕТОВАЖИ PHOTOVOICE - КАКО МЕТОД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО РИЗИК
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
општество, photovoice, дискриминација, различностАпстракт
Целта на ова истражување беше да се при- дружува група на тинејџери во ризични ситуации преку работилница за фотографирање и на тие деца да им се обезбедат фотоапарати како алатка која ќе им овозможи да ја истражуваат нивната околина и да ја претстават како дел од проектот за лично и социјално зајакнување на овие лица, со цел да се испита потенцијалот на „Photovoice“ за документирање на личните и социјалните перспективи на тинејџерите кои се нао- ѓаат во ризични ситуации.
„Photovoice“ обезбеди фотоапарати на членовите на групата за тие да можат да ја истражат нивната околина и да ја претстават целата промена што се случува во околината, како дел од личното и социјалното зајакнување. Оваа пракса е заснована на пристапот на Freire кој го нагласува процесот на зајакнување кој може да расте во рамките на внатрешноста на самите заедници, како и во однос на феминистичките теории, во кои се наведува дека знаењето се гради преку социјалните врски.
Методологијата на ова истражување е ради- калната феминистичка квалитативна метода, истражувачката алатка се фотографиите, снимките на разговорите на испитаниците од групата, дневниците на истражувачите и разговорите во затворена фејсбук-група. Популацијата на ова истражување е сочинета од 7 тинејџери кои учествуваа на неделни работилници за фотографија во период од 6 месеци. Беше направена холистичка анализа на содржината на истражувачките алатки со цел да им се даде глас на секој од учесниците, како и за спроведување вкрстена анализа за да се извлечат заедничките теми. Резултатите покажаа дека фо- тографирањето овозможи да се развијат отворени дискусии за предметите кои се прикажани на фотографската слика и нивното симболичко значење за учесниците: меѓу другите предмети: етикетирање, стигма, интимност, сексуален идентитет. Се појави можност за директен контакт и илустрација на искуствата на надворешниот изглед. И интеракцијата со нивната околина и социјалната вклученост со тинејџери кои се наоѓаат во близина на прибежиштето.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 Ривка Хилел Лавиан

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
