ВЛИЈАНИЕТО НА ПОСТАВЕНОСТА НА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ ВРЗ УПОТРЕБАТА НА БРАЈОВОТО ПИСМО
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
Употреба на Брајовото писмо, редовни училишта, интернатски училишта, ученици со оштетен видАпстракт
Дали ако едно дете со оштетен вид ќе посе-
тува интернатско или редовно основно учи-
лиште, ќе има поголемо влијание врз него-
вите или нејзините академски постигнувања,
како и врз неговите или нејзините социјални
вештини. Затоа, значајно е да се донесе со-
одветна одлука при изборот на соодветна
образовна институција за слепото дете.
Брајовото писмо како основно комуникацис-
ко средство за слепите лица, им овозможува
на учениците со оштетен вид да ги остварат
своите академски цели. Иако во последните
декади, употребата на Брајовото писмо е во
неспорен пад, Брајовото писмо останува
основна вештина на описменување на
слепите и усовршувањето на оваа вештина
води кон позитивен исход во многу области
во животот.
Ова истражување е направено со цел да се открие дали карактеристиките на образованието имаат ефект врз употребата на Брајовото писмо во академската и функционалната писменост.
Во рамките на ова истражување треба да се утврдат разликите во употребата на Брајовото писмо во образовните активности, активностите во текот на слободното време, дневните животни активности и активностите поврзани со организацијата и менаџирањето во рамките на групите на адолесценти кои имаат оштетен вид и кои се сместени во образовни институции со различни карактеристики. Деветнаесет (N=19) Брајовото пис- мени ученици со оштетен вид учествуваа во ова истражување коешто беше направено во 2016 година.
Резултатите покажаа дека постои значајна статистичка разлика помеѓу групи на ученици кои посетуваат интернатско основно училиште, редовно основно училиште или и двете, интернатско и редовно основно училиште. Најдобри резултати во делот на образовни активности беа постигнати од страна на учениците кои ги посетуваат и двата вида, интернатско и редовно основно училиште, додека во сите други области учениците од редовните основни училишта имаа најдобри резултати.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 Влатка Пенава

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
