СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Тања СТАНКОВА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  • Владимир ТРАЈКОВСКИ Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

лица со аутизам, вработување, интеграција

Апстракт

Правото на работа во сите развиени земји во светот претставува едно од основните права на човекот. Вработувањето, односно правото на работа на лицата со инвалидност е последна фаза од долгиот и сложен процес на нивната рехабилитација, кое делува и на можноста за нивно интегрирање во локалната заедница.
Основната цел на ова истражување е да се испита можноста за вработување на лицата со аутизам, врз основа на ставовите и мислењата на работодавачите, вработените лица и родителите на децата со аутизам.
Основни задачи, во чија насока го спроведувавме истражувањето, се следниве: да се утврди дали работодавачите би вработиле лице со аутизам, дали работодавачите и нивните вработени знаат што е тоа аутизам, дали, според работодавачите и вработените, лицата со аутизам можат во целост да ги извршуваат своите работни задолженија и дали родителите би сакале нивното дете да стапи во работен однос.
Истражувањето го спроведовме во период од  3  месеци  и  опфативме  130 испитаници. Добиените податоци беа собрани, групирани, табелирани и обработени во програмот Microsoft Office Excel 2003, применувајќи  χ² тест и Fisher-ов Exact тест, а како сигнификантни беа земени разликите на ниво на значајност од р< 0.05.
Од анализата на резултатите, што ги добивме од истражувањето, утврдивме дека во Р. Македонија не постои позитивна клима за вработување на лицата со аутизам, односно дека работодавачите не би вработиле лице со аутизам. Стручните кадри мора поажурно да се ангажираат за оваа проблематика, како би се постигнала целосна интеграција на лицата со аутизам во општеството.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2010-09-30

Како да се цитира

СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (2010). Дефектолошка теорија и практика, 11(3-4), 16-30. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 80

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)