ВО МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖАН 2 АПРИЛ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ

Автори

  • Бисера МЛАДЕНОВСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

На 2 aприл 2013 година по повод од­бе­ле­жу­ва­ње­то на Светскиот ден на аутизмот, прет­став­ни­ци од  Македoнското научно здру­же­ние за аутизам (МНЗА) остварија средба со прет­се­дателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга г-ѓа Маја Ива­нова. На средбата учествуваа и деца со ау­тистичен спектар на нарушувања и нивните ро­ди­тели, како и претставници од  други гра­ѓан­ски здруженија кои се занимаваат со про­бле­мот на аутизмот.

Делегацијата на приемот во Вилата Водно, ги ис­такна предизвиците  и го запозна прет­се­да­те­лот на државата со проблемите со кои се­кој­дневно се соочуваат во поглед на це­ло­куп­ни­от третман на аутизмот. Потенцирана беше неоп­ходноста од отворање на центар за ау­ти­зам кој би се занимавал со рана детекција и ди­јагностика, како и со третман на ау­тис­тич­ни­от спектар на нарушуања.

Претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трај­ковски ја нагласи актуелноста на ау­тиз­мот кој е општествено и ментално-здравствен про­блем. Упати апел до пошироката јавност за сериозно пристапување кон проблемот. Тој по­сочи на потребата од потесна спе­ци­ја­ли­за­ци­ја на кадрите (лекари, дефектолози) кои ќе се занимаваат со третман на аутизмот. Исто та­ка,  проф. д-р Трајковски повика на со­ра­бот­ка помеѓу Здружението и ресорните ми­нис­терства во донесувањето на одлуки со цел уна­предување на правата на лицата со ау­ти­зам и подобрување на услугите и сервисите кои државата ги обезбедува за лицата со ау­ти­зам и нивните семејства.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2013-09-30

Како да се цитира

ВО МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖАН 2 АПРИЛ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ. (2013). Дефектолошка теорија и практика, 14(3-4), 135-136. https://doi.org/10.2478/