ВО МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖАН 2 АПРИЛ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
На 2 aприл 2013 година по повод одбележувањето на Светскиот ден на аутизмот, претставници од Македoнското научно здружение за аутизам (МНЗА) остварија средба со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга г-ѓа Маја Иванова. На средбата учествуваа и деца со аутистичен спектар на нарушувања и нивните родители, како и претставници од други граѓански здруженија кои се занимаваат со проблемот на аутизмот.
Делегацијата на приемот во Вилата Водно, ги истакна предизвиците и го запозна претседателот на државата со проблемите со кои секојдневно се соочуваат во поглед на целокупниот третман на аутизмот. Потенцирана беше неопходноста од отворање на центар за аутизам кој би се занимавал со рана детекција и дијагностика, како и со третман на аутистичниот спектар на нарушуања.
Претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски ја нагласи актуелноста на аутизмот кој е општествено и ментално-здравствен проблем. Упати апел до пошироката јавност за сериозно пристапување кон проблемот. Тој посочи на потребата од потесна специјализација на кадрите (лекари, дефектолози) кои ќе се занимаваат со третман на аутизмот. Исто така, проф. д-р Трајковски повика на соработка помеѓу Здружението и ресорните министерства во донесувањето на одлуки со цел унапредување на правата на лицата со аутизам и подобрување на услугите и сервисите кои државата ги обезбедува за лицата со аутизам и нивните семејства.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Бисера Младеновска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
