ПРЕГЛЕД НА ЗАШТИТАТА ОД КРИЗА ВО ОДНЕСУВАЊЕТО И ИНТЕРВЕНЦИЈАТА ВО УЧИЛИШТАТА ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
заштита од криза, интервенција при вербални криза, ненасилна физичка интервенција при криза, континуирана ескалација на кризата, позитивна поддршка на однесувањетоАпстракт
Развојот на цивилизацијата ги направи кризите неразделен дел од нашиот живот. Истите се појавуваат речиси во сите социјални структури и организации, вклучувајќи ги и образовните институции. Целите на овој труд се да презентира теоретски модел на нормално, девијантно и антисоцијално однесување, да ги дискутира психо-социјалните карактеристики на емотивно растроените адолесценти, сместени во установи за престој и посебно образование во САД и да ги анализира најраспространетите кризи во однесувањето кај оваа популација, фази на ескалацијата на кризата и ненасилна превенција од кризи и стратегии на интервенција. Користените методи во овој труд вклучуваат преглед на научна литература, анализи на статистички информации од различни владини извори, преглед и анализа на студентски записи и анализа на искуството на авторот поврзано со работата со емотивно растроени младинци во училиштата за престој и образование во САД.
Резултатите од ова истражување укажуваат на различните терминологии кои ги користат научниците од различните научни дисциплини при опишување на социјално неадекватното однесување. Авторот прикажува теоретски модел на нормално, девијантно и антисоцијално однесување кое може да го подобри разбирањето и препознавањето на ризични ситуации и однесувања кои водат до сериозни кризи. Анализите на студентски записи открива дека повеќето од адолесцентите сместени во специјални училишта за престој и образование се дијагностицирани со неколку ментални здравствени проблеми. Ова налага дека постоечката превентивна нега и образовна парадигма во посебните училишта за образование и престој, треба да се заменат со сеопфатен третман парадигма. Трудот исто така ги дискутира позитивните и негативните интервенции при кризи. Мислењето на авторот е дека сите специјални едукативни установи, кои им се на располагање на емотивно растроените деца, треба да прифатат еден од ненасилните модели на интервенција при криза во однесувањето и да развијат и применат менаџментска политика, планови и процедури за справување со кризи.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Роланд Паулаускас

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
