ПСИХОСОЦИЈАЛНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ОШТЕТУВАЊЕТО НА СЛУХОТ ВРЗ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИТЕ ОДНОСИ НА МЛАДИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ВО ДРЖАВАТА ОЈО, НИГЕРИЈА

Автори

  • Осисанија АЈО Department of Special Education University of Ibadan, Nigeria
  • Адениј Сам ОЛУФЕМИ Оддел за образовна психологија при Федералниот колеџ за едукација (Т) Акока
  • Удо Годвин ГРЕГОРИ Оддел за специјална едукација при Универзитетот во Ибадан, Нигерија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

психосоцијален, оште­ту­ва­ње на слухот, интерперсонално однесување

Апстракт

Лицата со оштетен слух се соочуваат со мно­гу проблеми поради нивната состојба. Тоа не­га­тивно влијае на нивната социјална и пси­хо­лошка добросостојба, а уште повеќе ги по­го­дува интерперсоналните односи. Затоа, ова истражување го испитува пси­хо­со­ци­јал­но­то влијание на оштетувањето на слухот  врз ин­терперсоналните односи на младите со ош­те­тен слух.

Методологија

Истражувањето е реализирано со примена на анкета. Примерокот од 211 учесници со оштетен слух беше одбран од Федералниот колеџ за едукација (спе­ци­јал­на) во Ојо, Нигерија. Применет е пра­шал­ни­кот од Скалата за психосоцијална ком­пе­тен­ција (Psycho-social Competence Scale - PCS) за прибирање податоци, со коефициент на веродостојност 0,72.

Резултати

Резултатите покажаа дека оштетувањето на слу­хот кај младите влијае на со­ци­јал­на­та ин­те­ракција, на нивната емоционална до­б­ро­сос­тојба и дека се чувствуваат ин­фе­риор­ни во присуство на лица без ош­те­ту­ва­ње на слу­хот. Според тоа, се препорачува домашната сре­ди­на да биде пријателска, треба да се со­ве­ту­ва­ат младите со оштетен слух да ја прифатат сво­ја­та загуба и да се соочат со пре­диз­ви­ци­те за постигнување подобри крајни ре­зул­та­ти, а општеството треба да се преориентира кон вистински став и доверба во младите со ош­тетен слух.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2013-03-31

Како да се цитира

ПСИХОСОЦИЈАЛНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ОШТЕТУВАЊЕТО НА СЛУХОТ ВРЗ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИТЕ ОДНОСИ НА МЛАДИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ВО ДРЖАВАТА ОЈО, НИГЕРИЈА. (2013). Дефектолошка теорија и практика, 14(1-2), 33-44. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 36

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.