УШЕРОВИОТ СИНДРОМ ВО ОБРАЗОВНAТAСРЕДИНА: ИЗВОРНИ СТРАТЕГИИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА РАЗВИЕНИ ВО ИНДИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
Ушеров синдром, ретинална пигментоза, глуво-слепост, генетско нарушувањеАпстракт
Вовед: Повеќето од наставниците на ученици со оштетување на слухот и видот треба уште да се запознаваат со преваленцијата и карактеристиките на Ушеровиот синдром. Имајќи ја на ум потребата за обрнување внимание на запоставената популација, студијата беше создадена и спроведена во Јужна Индија.
Цели:Целта на студијата беше да се идентификуваат учениците со Ушеров синдром во образовните средини во кои се користат изворни техники, и да се развие и опише протокол за идентификација на овие ученици.
Методологија:Седумстотини ученици со оштетен слух од редовни и инклузивни училишта од четири области од државата Тамил Наду беа тестирани со помош на алатки кои вклучуваа тестирање за кратковидост и далековидост, видно поле, адаптираност во мрак, блесок и чувствителност на контраст.
Резултати:Кај 10 ученици на возраст од 14до 20 години постоеше ризик дека имаат Ушеров синдром. Кај 6 субјекти кај кои беше дијагностицирана ретинална пигментоза клинички беше идентификуван Ушеровиот синдром.
Заклучок: Овие стратегии за идентификација ќе им помогнат на едукаторите и рехабилитаторите да го препознаат Ушеровиот синдром за да можат да ги упатат овие деца на дијагноза и услуги за поддршка.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Гнанатикам Викторија Наоми

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
