ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ: ИНФОРМАТИВНА СТУДИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА НЕСИМБОЛИЧКА НУМЕРИЧКА МАГНИТУДА ЗА МАЛИТЕ НАСПРОТИ ГОЛЕМИТЕ БРОЕВИ КАЈ ДОЕНЧИЊАТА

Автори

  • Анелис СЕУЛЕМАНС Department of Experimental Clinical and Health Psychology, Developmental Disorders, Ghent University
  • Том ЛОЈС Оддел за анализа на податоци, Универзитет во Гент, Гент, Белгија
  • Карел ХОПЕНБРОУВЕРС Центар за здравствена грижа, Католички универзитет во Левен, Левен. Белгија
  • Анеми ДЕСУТЕ Оддел за експериментална клиничка и здравствена психологија, развојни нарушувања, Универзитет во Гент и Артевелде, Универзитетски колеџ во Гент, Белгија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

доенчиња, разликување броеви, трагач на поглед, несимболично, обработка на магнитуди

Апстракт

Во многу истражувања е тестирана поврзаноста меѓу обработката на нумеричките магнитуди и постигнувањата по математика со спротивставување на заклучоците за поединци со тешкотии во усвојувањето на математичките операции. Некои недоследности можат да се објаснат со употребата на несимболички стимули или колекции од точки во истражувањата. Дадена е хипотеза дека постои објектно-датотечен систем за „мали“ и аналоген магнитуден систем за „големи“ броеви. Во овој двосистемски профил, поставен е лимит на големината на објектно-датотечниот систем (три ставки).

Границата е дефинирана така што броевите под четири се категоризирани како „мали“, а од четири нагоре како „големи“. Сепак, недостасуваат податоци за обработка на „малите“ броеви, како и на „границата“ помеѓу малите и големите броеви. Со ова даваме придонес, обезбедувајќи податоци за разликувањето на поставеноста 4 vs.8 и 1 vs. 4 од страна на доенчињата, a во двата случаја бројот 4 е комбиниран, соодветно, со малите и големите броеви. Учесници беа 25 и 26 навремено родени 9-месечни бебиња за 4 vs 8 и 1 vs 4, соодветно. Стимулите (точки) беа контролирани за континуираните варијабли. Следењето на погледот беше комбинирано со хабитуациската парадигма. Резултатите покажаа дека доенчињата беа успешни во разликувањето на 1 од 4, но неуспешно разликуваат 4 од 8 точки. Заклучоците се во прилог на претпоставката за бројот 4 како „мал“ број, со што го зголемуваат лимитот на објектно-датотечниот систем. Оваа студија ќе помогне во објаснувањето на неконзистентноста во истражувањата. Уште повеќе, информациите ќе бидат корисни како одговор на прашањата на родителите за предизвиците со кои можат да се соочат ранливите деца со проблеми при обработката на броеви, како што се децата со тешкотии во усвојувањето математички операции. Дополнително, истражувањето може да даде информации за стимулите што можат да се искористат за ефикасно поттикнување на вештините на децата за обработување магнитуди.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2014-03-31

Како да се цитира

ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ: ИНФОРМАТИВНА СТУДИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА НЕСИМБОЛИЧКА НУМЕРИЧКА МАГНИТУДА ЗА МАЛИТЕ НАСПРОТИ ГОЛЕМИТЕ БРОЕВИ КАЈ ДОЕНЧИЊАТА . (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(1-2), 75-90. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 30

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.