РАЗВОЈ НА ФОНОЛОШКАТА СВЕСТ КАЈ ДЕЦА ШТО ПЕЛТЕЧАТ И ДЕЦА ШТО ЗБОРУВААТ ТЕЧНО

Автори

  • Лејла БЕГИЌ University of Tuzla, Faculty of Education and Rehabilitation, Tuzla, Bosnia and Herzegovina
  • Замир Мркоњиќ Универзитет во Тузла, Факултет за едукација и рехабилитација, Тузла, Босна и Херцеговина
  • Невзета САЛИХОВИЌ Универзитет во Тузла, Факултет за едукација и рехабилитација, Тузла, Босна и Херцеговина

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

деца што пелтечат, деца што зборуваат течно, развој на фонолошката свест

Апстракт

Целта на оваа студија е да се одредат карактеристиките на фонолошката свест кај деца што пелтечат и деца што зборуваат течно. Примерокот се состоеше од 64 деца на возраст меѓу 56 и 84 месеци (од 4 години и 8 месеци до 6 години и 11 месеци). Испитаниците беа поделени во две групи. Првата група се состоеше од 32 деца што пелтечат: 19 момчиња и 13 девојчиња. Контролната група се состоеше од 32 деца што зборуваат течно, полот и возраста исти како на децата од експерименталната група. Истражувањето беше спроведено во предучилишни установи и во основни училишта во Тузла и Унско-Санскиот кантон во Босна и Херцеговина. Субјектите беа испитувани со 7 поттестови (способност за поврзување слогови и фонеми, способност за римување, сегментација на фонеми, испуштање на фонеми, транспозиција на фонеми и замена на слогови). Секој од добиените резултати на поттестовите, што покажува разновидност на способности на фонолошката свест, беше испитуван поединечно. Резултатот за фонолошка свест претставува вкупниот резултат што се однесува на резултатот што го постигнале субјектите на овие 7 индивидуални поттестови. Резултатите покажаа дека не постојат статистички значајни разлики меѓу децата што пелтечат и нивните врсници што зборуваат течно во однос на резултатот за фонолошката свест. Испитувањето на разликите меѓу децата што пелтечат и децата што не пелтечат во поединечни варијабли што ја опишуваат фонолошката свест, покажа дека меѓу овие две групи постои статистички значајна разлика во способноста за римување. За испитување на разликите меѓу момчињата што пелтечат и нивните врсници што зборуваат течно, и меѓу девојчињата што пелтечат и нивните врсници што не пелтечат, беше користен т-тест. Резултатите покажаа статистички значајна разлики во варијаблата рима меѓу момчињата што пелтечат и нивните врсници што зборуваат течно. Освен тоа, беше испитувана и способноста за анализа на фонемите кај деца што пелтечат и деца што зборуваат течно. Резултатите покажаа дека не постои статистички значајна разлика меѓу децата што пелтечат и децата што не пелтечт во однос на способноста за анализа на фонемите.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2014-03-31

Како да се цитира

РАЗВОЈ НА ФОНОЛОШКАТА СВЕСТ КАЈ ДЕЦА ШТО ПЕЛТЕЧАТ И ДЕЦА ШТО ЗБОРУВААТ ТЕЧНО. (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(1-2), 59-74. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 75

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.