ВАЖНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА И КОРИСНОСТА ОД ПРАШАЛНИКОТ ЗА ВОЗРАСТА И СТАДИУМИТЕ НА 6-ГОДИШНИЦИТЕ
Клучни зборови:
Прашалник за развојот пополнет од родители, ПВС, важност, веродостојност, корисност, потврдна факторска анализа, прашалник за возраста и стадиумите на 6-годишниците, попреченост, развоен скрининг, рана идентификација, деца на училишна возрастАпстракт
Вовед: Прашалникот за возраста и стадиумите (ПВС) е прашалник пополнет од родителите што може да се употреби како општа развојна алатка за скрининг, кој ги проценува петте развојни области: комуникација, груба моторика, фина моторика, решавање проблемски ситуации и лични способности за прила-годување, за деца на возраст од 1 до 66 месеци (1). Сега, откако е демонстрирана корисноста од ПВС во различни контексти, а присутен е и интересот на меѓународно ниво од покажаните придобивки од раната интервенција кај деца со пречки во развојот, дојде време да се прошири опсегот на возраста за ПВС. Истражувачите дизајнираа ПВС за 6-годишници како одговор на потребата од алатка за скрининг на деца кои се при-ближуваат на училишната возраст.
ПВФ за 6-годишници ќе ги проценува петте развојни области: комуникација, груба моторика, фина моторика, решавање проблемски ситуации и лични способности за прилагодување, за деца на возраст од 66 до 78 месеци.
Цел: Примарната цел на ова истражување е да се прошири возрасниот опсег на ПВС и да се измерат психометриските карактеристики на ПВС за 6-годишниците.
Методи: Целта на ова истражување е да се измерат психометриските карактеристики, вклучувајќи ги важноста, веродостојноста и корисноста од ПВС за 6-годишниците.
Резултати: Ова истражување е фокусира-но на психометриските карактеристики на ПВС за 6-годишниците (2). Потврдната факторска анализа (ПФА) со категорични податоци ги потврди областите на ПВС за 6-годишниците, т.е. комуникација, груба моторика, фина моторика, решавање проблемски ситуации и лични способности за прилагодување. Приме-нетиот модел покажа високо ниво на со-одветност, така што неговите параметри можеа да се интерпретираат, посочувајќи на соодветност за структурата на ПВС за 6-годишниците. Резултатите ветуваат во однос на веродостојноста, важноста и ко-рисноста на ПВС за 6-годишниците. Ре-зултатите од истражувањето покажаа дека ПВС за 6-годишниците е на високо ниво на веродостојност.
Заклучок: Ова истражување ја истражи корисноста на ПВС за 6-годишниците и ги испита важноста, веродостојноста и корисноста на ПВС за нив. Резултатите од истражувањето дадоа почетни докази за употребата на ПВС за 6-годишници. Овој прашалник може да помогне во моделот за идентификување на децата што се на почеток од училишна возраст и да ги подобри нивните резултати. Генерално, резултатите од ова истражување ја поддржуваат употребата на ПВС за 6-годишниците за рана иднетификација на сомнителен нетипичен развој. ПВС за 6-годишниците може да се користи за подо-брување на раната идентификација на де-цата од училишна возраст и за подобрување на резултатите пред да се зацврстат пречките во развојот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2015 Ајај Синг

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
