ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

Автори

  • Маја ФИЛИПОВСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Апстракт

Традиционално и оваа година Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет го одбележа 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. Во организација на Институтот, беа организирани два настана на Филозофскиот факултет.
Првиот настан, кој се реализираше на 03. 12. 2015 година, беше организиран во соработка со студентите од Институтот за дефектологија и студентите од Педагошкиот факултет во Скопје „Св. Климент Охридски“, Архитектонскиот факултет, Факултетот за ликовна уметност и од Факултетот за музичка уметност. Во официјалниот дел од програмата свое обраќање имаше Стефани Накова, студент од Институтот за дефектологија, проф. д-р Зора Јачова, раководителка на Институтот за дефектологија и проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирили и Методиј“ од Скопје.
Покрај обраќањата, програмата ја збогатија студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје: Џенгис Ме- медовски ја изведе песната „Тајно моја“ на знаковен јазик, а Александар Матовски ја презентираше темата „Младите и Дауновиот синдром“.
Студентката Ема Ананиевска од Факултетот за музичка уметност ја изведе Fantaisie impromptu од Шопен на пијано, а заедно со Игор Постолов од Филозофскиот факултет и Џенгис Мемедовски од Педагошкиот фа-култет ја испратија пораката насловена како „Еднакви во различноста“ од името на сту-дентите со посебни потреби. Насловот на оваа изведба всушност беше и главното мото на настанот.
Во рамките на програмата, беа доделени и 4 награди од фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“. Наградата за студент со највисок просечен успех за генерацијата 2010/2011 £ беше доделена на Анита Стојчевска, а наградата за најдобро рангиран студент при уписот на Институтот за дефектологија за учебната 2015/2016 година £ беше доделена на Нико-ловска Ангела. На Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална по-преченост ,,Порака“ му беше доделена на-града за постигнати одлични резултати во заштитата, образованието и рехабилитаци-јата на лицата со интелектуална попреченост, а наградата за постигнати на-учноистражувачки резултати во областа на дефектологијата ја доби Македонското научно здружение за аутизам.
По завршувањето на официјалниот дел на програмата, студентите беа вклучени во ин-терактивни катчиња за различни видови инвалидност (катче за оштетен вид, оштетен слух, интелектуална попреченост и катче за телесна инвалидност). Преку овие катчиња, присутните гости имаа можност подетално да се запознаат со карактеристиките на овие видови инвалидност и да се соочат со бариерите кои ги имаат лицата со инвалидност.
Вториот настан во организација на Инсти-тутот за дефектологија беше тркалезната маса која се одвиваше на 04.12.2015 година, на тема „Предизвиците во воспитно-обра-зовниот процес во посебните училишта во Република Македонија“. Со содржините на програмата на тркалезната маса раководеше проф. д-р Зора Јачова. Покрај членовите на Институтот за дефектологија, на тркалезната маса беа присутни претставници од посебните основни и средни училишта во Република Македонија и советничката за воспитание и образование на деца со посебни образовни потреби во Бирото за развој на образова-нието, г-ѓа Снежана Трпевска.
Првиот дел од тркалезната маса беше пред-виден за презентацијата на советничката Трпевска и презентациите на претставниците од посебните училишта. Во вториот дел се реализираше работилница во две групи на која членовите на групите ги адресираа и синтетизираа клучните предизвици во спроведувањето на воспитанието и образованието во посебните училишта во земјата. Модера-тори во првата група беа проф. д-р Зора Јачова и г-ѓа Снежана Трпевска, додека втората група ја модерираа проф. д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ и проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова. Тркалезната маса беше завршена со презентација на работата на двете групи, со цел проследување на издвоените предизвици и проблеми до релевантните институции и наоѓање начини за нивно решавање.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2016-03-31

Како да се цитира

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ. (2016). Дефектолошка теорија и практика, 17(1-2), 118-120. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5061

Најчитани трудови од истиот автор(и)