КАКО ДА СЕ ОДБЕРЕ НАЈСООДВЕТНИОТ СТАТИСТИЧКИ ТЕСТ ВО НАУЧНИТЕ ТРУДОВИ
Клучни зборови:
Статистичка селекција на тест, статистика, научен труд, статистички програмиАпстракт
Статистиката е дел од математиката која се занимава со собирање, анализирање, интерпретирање и презентирање маса (голем број примероци) нумерички податоци со цел да се извлечат релевантни заклучоци од истата. Статистиката е форма на математичка анализа која користи квантификувани модели, репрезентации и синопсиси за даден број експериментални податоци или истражувања кои се спроведуваат со жива материја. Студентите и младите истражувачи во биомедицинските науки како и во специјалната едукација и рехабилитација често го искажуваат своето мислење дека одбрале да се запишат на тие студии поради тоа што не поседуваат големо знаење или интерес за математика. Тоа е тажна изјава, но има и вистина во неа.
Целта на овој едиторијал е да им послужи и да им помогне на младите истражувачи да ја одберат најсоодветната техника за статистичка обработка на податоците која ќе соодветствува на целите и условите на одредена анализа. Најважните статистички тестови ќе бидат прикажани во овој труд.
Да знаеш како да го одбереш правилниот статистички тест е многу важна одлука во делот на обработката на добиените податоци и во пишувањето на научниот труд. Младите истражувачи и автори би требало да знаат како да ги одберат и како да ги користат овие статистички методи. Компетентниот истражувач мора да поседува одреден степен на знаење во однос на статистичките процедури. Тука може да се подразбира курс за вовед во статистиката и, се разбира, користењето на добар учебник по статистика. За оваа цел, постои потреба предметот Статистика да биде задолжителен предмет во наставната програма на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Младите истражувачи имаат потреба од дополнителни курсеви за да се здобијат со поголемо знаење во областа на статистиката. Тие мора да се обучат за да користат статистички компјутерски програми на соодветен начин.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Владимир Трајковски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
