ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ПОЧЕТНИТЕ СИГНАЛИ НА АМПЛИТУДА КАЈ КИНЕСКИТЕ ДЕЦА СО ТЕШКОТИИ ПРИ ЧИТАЊЕ И СО СПЕЦИФИЧНИ ЈАЗИЧНИ НАРУШУВАЊА

Автори

  • Чуан-Хан ЧИАНГ Department of Special Education, National Taiwan Normal University, Taiwan
  • И-Чен ЧЕН Институт за специјална едукација, Национален редовен универзитет во Тајван, Тајван
  • Ксиао-Лан ВАНГ Институт за специјална едукација, Национален редовен универзитет во Тајван, Тајван

Клучни зборови:

тешкотии при читање (ТЧ), специфични јазични нарушувања (СЈН), фонолошка обработка, аудитивна перцепција на амплитуда, препознавање кинески знаци, кинеско-мандарински

Апстракт

Оваа студија ги истражуваше основните аудитивни обработки на звучната амплитуда кај кинеските деца со тешкотии при читање и со јазични нарушувања. Петнаесет деца со тешкотии при читање на кинески јазик (ТЧ), петнаесет деца со тешкотии при читање на кинески јазик и со специфични јазични нарушувања (ТЧ-СЈН) и шеснаесет врсници за контрола (К) беа избрани од локалните основни училишта во Тајван. Трите групи беа споредени, особено според фонолошката свесност и според разликувањето на почетокот на аудитивната амплитуда. Нашите прелиминарни резултати потврдија де-ка контролните групи покажале значително подобри резултати на сите фонолошки и аудитивни мерења во споредба со двете групи деца со ТЧ. При препознавањето на кинеските знаци, децата со ТЧ-СЈН покажале значително полоши резултати од децата со ТЧ. Исто така, дојдовме до заклучок дека кинеските деца со ТЧ-СЈН покажуваат полоши резултати во однос на фонологијата и покажуваат помала сензитивност за почетокот на амплитуда на сложен звук во споредба со кинеските деца со ТЧ.
Заклучивме дека слабата аудитивна дискриминација на почетокот на амплитудата на звукот може да биде од суштинско значење за карактеризирање на кинеските деца со тешкотии при читањето и со јазични нарушувања.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-03-30

Како да се цитира

ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ПОЧЕТНИТЕ СИГНАЛИ НА АМПЛИТУДА КАЈ КИНЕСКИТЕ ДЕЦА СО ТЕШКОТИИ ПРИ ЧИТАЊЕ И СО СПЕЦИФИЧНИ ЈАЗИЧНИ НАРУШУВАЊА. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(1-2), 109-125. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5038

Слични трудови

1-10 од 25

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.