РОДИТЕЛСКОТО ПРИФАЌАЊЕ / ОТФРЛАЊЕ И ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИ СО И БЕЗ ДЕЛИКВЕНТНО ОДНЕСУВАЊЕ

Автори

  • Орхидеја ШУРБАНОВСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  • Зоран КИТКАЊ Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Наташа РИСТОВСКА

Клучни зборови:

родителско прифаќање/отфрлање, емоционална интелигенција, адолесценти (малолетници) со и без деликвентно однесување

Апстракт

Вовед: Во овој труд се истражува родителското прифаќање или отфрлање и емоционалната интелигенција кај малолетниците со и без деликвентно однесување.
Цели: Целта на овој труд e да се истражи разликата помеѓу родителското прифаќање/ отфрлање (од страна на мајката и посебно од страна на таткото) и емоционалната интелигенција помеѓу малолетниците со и без деликвентно однесување, како и поврзаноста на овие две варијабли.
Методи: Истражувањето беше спроведено на две групи адолесценти и тоа 30 испитаници кои издржуваат казна затвор за деца и /или воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, на возраст од 14 до 18 години и 40 испитаници кои се ученици во средно училиште, на иста возраст. Во ова истражување термините малолетници и адолесценти се однесуваат на лица на возраст од 14 до 18 години. Сите испитаници се од машки пол. Беа користени мерните инструменти: Прашалник за родителско прифаќање/отфрлање и UEK 45.
Резултати: Малолетниците со и без престапничко однесување значајно се разликуваат во однос на перципирањето на родителското прифаќање (од мајката и од таткото), агресивноста, занемарувањето и неиздиференцираното одбивање. Чувството на отфрленост од родителите е поприсутно кај малолетниците со престапничко однесување отколку кај оние без такво однесување. Исто така, малолетниците со престапничко однесување имаат пониска емоционална интелигенција за разлика од нивните врсници без такво однесување. Пронајдени се позитивни поврзаности помеѓу родителското прифаќање и емоционалната интелигенција.
Заклучок: Малолетниците со деликвентно однесување доживеале помало прифаќање и поголемо отфрлање од родителите и имаат пониска емоционална интелигенција од нивните врсници без деликвентно однесување. Генерално, родителското прифаќање е поврзано со повисок степен на емоционална интелигенција.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-09-11

Како да се цитира

РОДИТЕЛСКОТО ПРИФАЌАЊЕ / ОТФРЛАЊЕ И ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИ СО И БЕЗ ДЕЛИКВЕНТНО ОДНЕСУВАЊЕ. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(3-4), 55-71. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5021

Слични трудови

1-10 од 13

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.