ДЕФЕКТОЛОШКА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА ОД НАУЧНАТА ПЕРИФЕРИЈА ДО РЕЛЕВАНТНО НАУЧНО СПИСАНИЕ

Автори

  • Vladimir Trajkovski Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Клучни зборови:

Дефектолошка теорија и практика, научна периферија, научно списание, квалитет на списание

Апстракт

Во овој предговор е опишан растежот на списанието Дефектолошка теорија и практика во последните 18 години откако започна да се издава. Иако започна како локално и стручно, сепак успеа да се развие во ин-тернационално и научно и да привлече голем број автори од преку 30 држави од светот. Моментно списанието е индексирано во 65 светски бази на податоци.
Македонија претставува тешка периферија во светот на науката. Но, тоа не го спречува списанието од година во година да станува сѐ повидливо и позначајно во научните области кои го обработуваат полето на специјална едукација и рехабилитација. Во нашата држава постојат многу фактори кои го попречуваат патот за создавање на високо квалитетно научно списание. Истите се детално дискутирани во трудот.
За да се достигне повисока релевантност на списанието, потребна е голема и беспрекорна посветеност на луѓето кои работат во издавачките канцеларии.
Уредниците од малите списанија од регионот треба да си ги разменуваат сопствените искуства. Уредничките тимови на помалите списанија треба да собираат искуство од по-големите списанија. Тие треба да вложат по-веќе напори во зголемување на видливоста на списанието на интернет, а тоа можат да го сторат преку споделување на трудовите на социјалните медиуми. Надлежното Министерство за образование и наука треба да одвои поголем процент од бруто домашниот производ за издавачка дејност за да може малите списанија да станат порелевантни во светот на науката.
Се наметнува заклучокот дека малите списанија може да придонесат со релевантни науч-ни информации во светот на науката.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-09-30

Како да се цитира

ДЕФЕКТОЛОШКА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА ОД НАУЧНАТА ПЕРИФЕРИЈА ДО РЕЛЕВАНТНО НАУЧНО СПИСАНИЕ. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(3-4), 5-12. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5064

Слични трудови

1-10 од 36

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)