Сликата за другиот во „Змиски ветер“ и „Егејци“
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Науката за литературата и компаратистиката ја развија имагологијата како посебна дисциплина која ги проучува сликите за другите. Најчест облик на сликата на другиот е стереотипот, во последните децении многу користен термин во сите општествени теории. Стереотипот станува средство за препознавање, етикетирање, ориентирање, потврдување и вреднување. Во историјата на изучувањето на стереотипите најмногу внимание е посветено на етничките и на културните стереотипи. Во нашата културна и книжевна историја посебно место имаат стереотипите за Македонците жртви на егзодусот за време на Граѓанската војна во Грција. Со текот на времето и низ времето Егејците и „егејството“ воопшто добиваат одредени идеолошки содржини, така што тие прераснуваат во еден своевиден мит кој може да има позитивна или негативна употреба во зависност од одреден актуелен контекст. Позитивната употреба на тој мит се гледа преку протежирање на т.н. егејски теми од реномирани уметници кои потекнуваат од тој дел на Македонија. Негативната употреба се гледа во фактот на последиците од негативните стереотипи за Егејците, за нивната неподобност за вршење на јавни општествени дејности, за нивната сомнителност во одреден политички контекст.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Колбе, Б. К. (1999). Егејци. Скопје: Култура.
Пажо, Д. А. (2002). Општа и компаративна книжевност. Скопје: Македонска книга.
Пановски, С., Лафазановски, И. (2005). Прогонство што трае. Скопје: Алфа 94.
Ќулавкова, К. (2001). Мала книжевна теорија. Скопје: Три.
Hercfeld, Majkl (2004). Kulturna intimnost. Beograd: Krug Commercе.