Journal of Contemporary Philology https://journals.ukim.mk/index.php/jcp
The Journal of Contemporary Philology (JCP) is an international electronic peer-reviewed journal that publishes scholarly articles on all aspects of linguistics, applied linguistics, literature and cultural studies. The journal tries to attract high quality articles that present original research, pertaining to experimental work, theory, methodology and translation with a special emphasis on contemporary development in these fields. JCP invites authors to submit previously unpublished research articles, review articles and book reviews in English and Macedonian.
The journal is published twice a year with the support of Blaže Koneski Faculty of Philology, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje.
JCP articles are indexed and abstracted in DOAJ, Google Scholar, Index Copernicus, WorldCat, LIBRIS, BASE, Brill’s Linguistic Bibliography and the Linguist List.

Online ISSN 2545-4773;   Print ISSN 2545-4765
Blaže Koneski Faculty of Philology, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje en-US Journal of Contemporary Philology 2545-4765
Copyright © 2019 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Семантичка категорија ‘градација’: опсегот на граматикализација во македонскиот и во полскиот јазик https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/50
Семантичката категорија ‘градација’ спаѓа во тие ретки категории што функционираат и на ниво на пропозиција и на ниво на нејзините аргументи. Како површински експоненти на оваа категорија се јавуваат прилози и придавки, а предмети на евалуација, соодветно, се конститутивните членови на пропозицијата и на нејзините аргументи. Словенските јазици ја наследиле „класичната“ семантичка парадигма составена од три компоненти: позитив, компаратив, суперлатив и ги адаптирале нивните површински експоненти на постоечките граматички модели. Во текот на развојот на овие јазици се појавиле нови типови градациска евалуација. Меѓу нив внимание привлекуваат конструкциите што го поврзуваат средството за градација со неговата идна примена. Тие се присутни во двата анализирани јазика, но повеќе се употребуваат во македонскиот и во неговото мултилингвално опкружување. Оттука следува дека одговорот на проблемот искажан во насловот е во корист на македонскиот јазик.
Зузана Тополињска ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 7–12 7–12 Spatial meanings of na and semantically related prepositions in Macedonian https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/51
The paper presents а contrastive analysis of the spatial meanings of the preposition na and its semantic counterparts in Macedonian. Reviewed here are the contexts in which na assumes similarity of meaning to another preposition. In that respect, a view is presented that the synonymy among prepositions ensues from a shared topology they denote. This necessitates that the preposition in question should code the same position of participants as the preposition of comparison. However, the preposition na shows contextual uniqueness for the functional sense it carries. Whenever contrasted with another preposition in Macedonian, its functional aspect gains salience, whereby na introduces strong functional sense.
Aleksandar Pavlov ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 13–27 13–27 Реализација на анафорскиот субјект во македонскиот јазик https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/52
Во овој труд ги претставуваме резултатите од истражувањето на синтаксата на анафорската референција во наративниот дискурс. Главната цел на истражувањето е да ги утврди принципите што го одредуваат реализирањето на анафорските субјекти во наративните текстови на македонски јазик. Текстуалната анализа на избраните наративи опфаќа три формални категории субјекти со кои се кодираат протагонистите во наративите: „празен“ (реализиран преку личната наставка на глаголскиот предикат), заменски и именски. Добиената дистрибуција на секоја испитувана категорија се објаснува преку делувањето на когнитивниот принцип според кој изборот на формата на субјектот зависи од менталната достапност на субјектниот референт во меморијата на слушателот/читателот. Меѓутоа, овој принцип може да се наруши под влијание на други принципи кои предизвикуваат отклонувања од предвидените реализации на анафорските субјекти. Резултатите на анализата ја потврдиja главната хипотеза дека формата на субјектот се одредува од заемодејството на когнитивниот принцип со семантички, синтаксички и дискурсно-прагматички принципи. Делувањето на секој од разгледуваните принципи се објаснува преку примерите од анализираните текстови.
Елени Бужаровска Лилјана Митковска ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 29–50 29–50 Англиските перифрастични предикати со глаголот take https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/53
Предмет на oвој труд се англиските перифрастични предикати (ПП) со синсемантичкиот глагол (СГ) take. Овие конструкции се класифицираат во четири групи врз основа на семантички критериум, при што се дискутираат метафоричките проширувања на СГ take во сите групи. Се анализираат примери од ПП со take преземени од Британскиот национален корпус (БНК) и се дискутираат можностите кои се отвораат со употребата на ПП, наспроти соодветниот автосемантички глагол (АГ). Се истражува дали меѓу ПП со take и соодветниот АГ секогаш се воспоставува релација на синонимија, дали меѓу ПП со take и соодветниот АГ може да се воспостави видска разлика, дали и на кој начин ПП со take овозможуваат попрецизно изразување во однос на соодветниот АГ. Квалитативната анализа на собраните податоци е придружена со квантитативна анализа.
Наташа Стојановска-Илиевска ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 51–77 51–77 Примена на дигитални технологии во наставата по преведување https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/54
Како резултат на дигиталните иновации, покрај професионалните квалификации што ги стекнуваат студентите со завршување на студиите, неопходно е да поседуваат и низа други вештини, особено технички вештини со цел да бидат конкурентни на пазарот на труд. Во таа насока се јавува потреба од стекнување т.н. „дигитални компетенции“, односно способност за користење дигитални технологии и во областа на преведувањето. Преведувачката индустрија доживува трансформација во која дигиталните технологии заземаат сè поголема примена, па следствено на тоа се воведуваат новитети и промени и во наставата по преведување со напуштање на конвенционалните методи во наставата и пасивно учење и се преминува кон современи методи и интерактивно учење. Предмет на истражување во овој труд се способностите на студентите за примена на дигиталните технологии во процесот на преведување, при што се анализираат и нивните ставови околу неопходноста од дигитални компетенции за преведувачите. За целите на овој труд е спроведено анкетно истражување со кое се опфатени 26 студенти на студиската насока по преведување на Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку заклучоците од истражувањето се укажува на различни можности и начини за унапредување на наставата по преведување со примена на дигитални технологии и остварување дигитална комуникација, а особено се истакнува потребата од дигитализација на ресурсите за учење и на практичната настава.
Милена Саздовска-Пигуловска ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 79–91 79–91 Анализа на политичкиот дискурс во предизборните кампањи во Република Македонија и во САД https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/55
Целта на ова истражување е да се направи критичка анализа на политичкиот дискурс за време на предизборните кампањи во Р. Македонија и во САД. Истражувањето дава увид во манипулативната функција на јазикот и ги претставува начините на кои политичарите во Р. Македонија и во САД ја постигнуваат таа манипулација. За таа цел, беа истражувани вкупно осум говори: четири од македонски (Груевски, Заев, Иванов и Пендаровски) и четири од американски политичари (Обама, Ромни, Буш и Кери). Овој труд ја разгледува структурата на предизборните говори на политичарите во Р. Македонија и во САД од прагматичка гледна точка, односно има за цел да испита колку внимание политичарите посветуваат на креирање на својот став и на вклучување на публиката во дискурсот. До тие сознанија доаѓаме преку испитување на личните заменки.
Тамара Димоска ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 93–121 93–121 Телото и границите на телесноста во „Стаклената граница“ на Карлос Фуентес https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/56
„Стаклената граница“, полифоничниот роман на Карлос Фуентес, обработува голем број теми како миграциите, класните разлики, ксенофобијата, корупцијата и деконструира серија лингвистички, социјални, културни и симболички граници, притоа преиспитувајќи ги и самите граници меѓу жанровите. Во овој труд ја продлабочуваме анализата на делото од перспективата на телесноста и телото како појдовна точка од којашто се повлекуваат многу граници: оние што ги наметнува модата, полот, сексуалната определба, оние што произлегуваат од односите на моќ или од привидната слобода на женското тело, оние што стојат меѓу нас и нашето минато, меѓу животот и смртта.
Сања Михајловиќ-Костадиновска ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 123–135 123–135 Сликата за другиот во „Змиски ветер“ и „Егејци“ https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/57
Науката за литературата и компаратистиката ја развија имагологијата како посебна дисциплина која ги проучува сликите за другите. Најчест облик на сликата на другиот е стереотипот, во последните децении многу користен термин во сите општествени теории. Стереотипот станува средство за препознавање, етикетирање, ориентирање, потврдување и вреднување. Во историјата на изучувањето на стереотипите најмногу внимание е посветено на етничките и на културните стереотипи. Во нашата културна и книжевна историја посебно место имаат стереотипите за Македонците жртви на егзодусот за време на Граѓанската војна во Грција. Со текот на времето и низ времето Егејците и „егејството“ воопшто добиваат одредени идеолошки содржини, така што тие прераснуваат во еден своевиден мит кој може да има позитивна или негативна употреба во зависност од одреден актуелен контекст. Позитивната употреба на тој мит се гледа преку протежирање на т.н. егејски теми од реномирани уметници кои потекнуваат од тој дел на Македонија. Негативната употреба се гледа во фактот на последиците од негативните стереотипи за Егејците, за нивната неподобност за вршење на јавни општествени дејности, за нивната сомнителност во одреден политички контекст.
Весна Кожинкова ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 137–149 137–149 Метафизичката поетска нишка во препевот на Петре М. Андреевски https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/58
Овој труд се занимава со англискиот превод на еден од најпознатите македонски поети и романсиери Петре М. Андреевски. Анализирани се преводите на две негови песни, антологиската „Кога ја љубев Дениција“ и „Одаде и отаде“, со интерпретација на различните семантички нијанси помеѓу оригиналот и препевот (версификација). За таа цел е употребен моделот на Драги Михајловски познат како ‘матрица на преводливост’, со кој се прикажани отстапките на фонолошко, лексичко, синтактичко и семантичко рамниште. Секоја јазична отстапка е дискутирана а понудени и поткрепени се и нови преводни еквиваленти. Целта е да се прикаже преводот како креативен процес и бескрајна битка на преведувачот, особено при препевот. Во овој случај, се работи за препев на метафизичката нишка на избор песни од корпусот на Андреевски. Во потрага по подобри преводни решенија вклучен е и нов препев на наведените песни при крајот од трудот. Новиот превод е само уште еден обид да се пренесе естетската еквиваленција на оригиналот и да се преведе непреведливото во поезијата.
Теа Дуза ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 151–170 151–170 Симбиоза на теоријата и креативноста https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/59
Приказ на книга
Лидија Капушевска-Дракулевска ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 171–175 171–175 Impressum https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/61
EN, MK
Blaže Koneski Faculty of Philology ##submission.copyrightStatement## 2018-12-30 2018-12-30 1 2 2 4