ЗА „МАЛАТА“ АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА ВО КНИГАТА „ВАРШАВА ГО ИСЦРТУВА СКОПЈЕ“

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Весна Мојсова-Чепишевска

Апстракт

Целта на трудот е да се анализира изборот на стихови од македонски поети, поместени во книгата Варшава го исцртува Скопје од Кинга Нетман-Мултановска. Книгата, покрај исклучителна документаристичка проза, содржи и книжевнотопографска мапа на градот. Притоа, опфатени се 23 автори од различни генерации, дури и автори кои твореле во Кралството Југославија, автори кои го покажуваат поархаичниот слој на веќе стандардизираниот јазик, до најмладите, со вкупно 39 одбрани фрагменти од одделни песни. При анализата на книжевнотопографската мапа на градот, остварена низ стиховите на македонските поети, трудот има за цел, истовремено, да даде и поширок приказ на присутвото на Скопје како тема во современата македонска книжевност, осврнувајќи се и на прозни дела и на досега објавени антологиски и други избори. Анализирајќи ја книгата на Нетман-Мултановска, се доаѓа до заклучок дека токму стиховите од македонските поети придонесуваат да се оствари приказот на Скопје како идеално место, коешто успеало да го зближи Истокот и Западот архитектонски, но и политички, социолошки и културолошки.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Literature

Референци

Браидоти, Р. (2003). Номадски субјекти. Скопје: Македонска книга. [Brandioti, R. (2003). Nomadski subjekti. Skopje: Makedonska kniga].
Илкова, М. (2023). Книжевна мапа на Скопје. Скопје: Центар за култура и културолошки студии. [Ilkova, M. (2023). Kniževna mapa na Skopje. Skopje: Centar kultura i kulturološki studii]
Коцевски, Д. (2022). Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот. Скопје: Бегемот. [Kocevski, D. (2022). Ako go sakaš Skopje – dojdi, ḱe te čekam na bregot. Skopje: Begemot].
Коцевски, Д. (2008). Чај од јужните мориња. Скопје: Магор. [Kocevski, D. (2008). Čaj od južnite morinja. Skopje: Magor]
Мојсова-Чепишевска, В. (2010). Приказни за нашето Скопје. Во Т. Османли. Приказни од Скопје. Скопје: Култура, 249–262 [Mojsova-Čepiševska, V. (2010). Prikazni za našeto Skopje. Vo T. Osmanli. Prikazni od Skopje. Skopje: Kultura, 249–262]
Мојсова-Чепишевска, В. (2010). Трејлер за поетиката на прошетката. Литературен збор, год. LX, број. 4–6: 59–62. [Mojsova-Čepiševska, V. (2010). Trejler za poetikata na prošetkata. Literaturen zbor, god. LX, broj. 4–6: 59–62]
Нетман-Мултановска, К. (2023). Варшава го исцртува Скопје. Скопје: Бегемот. [Netman-Multanovska, K. (2023). Varšava go iscrtuva Skopje. Skopje: Begemot]